Чоколадна-овошна фантазија
Состојки
- За трите теста
- 2 јајца
- 125гр. омекнат путер
- 250мл. млеко
- 250мл. врела вода
- 2 ванили
- 1,5 лажичка пециво
- 2 лажички сода бикарбона
- 300гр. шеќер
- 300гр. брашно
- 100гр. какао
- прстофат сол
- Овошен фил
- 500гр. смрзнати вишни(може малини,капини,јагоди)
- 70гр. густин(нишесте)
- 150гр. шеќер
- 50гр. путер
- Ванила крем
- 1л. млеко
- 200гр. шеќер
- 3 пудинга од ванила
- 2 ванили
- 125гр. путер
- 250мл. слатка павлака
- Гакаш
- 250мл. слатка павлака
- 300гр. чоколада за готвење
Подготовка
Тортава ја посветувам на моите драги пријателки и членки на МоиРецепти,сите обожаватели на добро подготвена храна и сите посетители на оваа страна заедно со тимот кој ни ја реализира оваа гурманска дружба.Ова е мојот двестоти рецепт кој го подготвив со голема љубов,сакам со неа да ви кажам едно големо благодарам.Дружбата со сите вас продолжува со истата стремеж за поквалитетно подготвена храна воедно добро презентирана и фотографирана.Тортава ја подготвив за овој мој мал јубилеј и слатко се насладивме со моите најблиски се надевам дека некои и ќе ја пофалат овде (поздрав сестро).
Тортата е лесна,ваздушеста и не многу блага.Тестата се меки и влажни прекриени со киселкаст вкус на вишните засладени со убавиот мирис на ванила кремот.
1.Сувите состојки просејте ги.
Во посебен сад измиксирајте ги јајцата,шеќерот,путерот на собна температура и млекото.На смесата најизменично додавајте ги сувите состојки и врелата вода мешајте со најмалата брзина на миксерот додека состојките не се соединат.
2.Смесата ја делиме на три еднакви делови,секоја посебно ја печеме во тавче бр.24 обложено на дното со хартија и печеме во загреана рерна на 180степени околу 20 мин.Проверете дали е печена на стариот добар начин со чечкалица.
3.Тестата доколку при печењето се подигнат на средина исечете го тој дел да бидат сите еднакви.Можете доколку ви иде од рака прецизното сечење може да го печете целото тесто одеднаш.
Вишнов фил.
1.Смрзнатите вишни ставете ги во посебен сад заедно со шеќерот да се одмрзнат.Со процесот на одмрзнување ќе пуштат сок(околу 700мл).
Откако ќе се одмрзнат прфрлете ги во касерола и загревајте да зовријат.
2.Густинот разматете го со 6-7 лажици ладна вода и постепено додавајте го во зовриените вишни додека не добиете густ крем.
3.Во топлиот фил додадете го путерот и миксирајте додека целата смеса не се соедини.Тогаш филот добива кремаста структура и повеќе не е како класичниот овошен фил.
Ванила крем.
1.Во касерола сипете го млекото,додадете ја ванилата и шеќерот загревајте.
Пудингот разматете го во ладно млеко и полека додавајте во врелото млеко додека не добиете убав густ крем.Оладете го...
2.Во добро изладениот крем додадете го путерот исечен на коцки и изматете со миксер.Во посебен сад измиксирајте ја слатката павлака па додадете ја во кремот,измиксирајте.
Филување.
-Тесто,пола смеса од вишновиот крем,1/3од кремот со ванила,тесто,втората половина од вишновиот крем,ванила крем,тесто,ванила крем.
Украсувате по желба јас ја декорирав со ганаш фил и дел од двата фила.
Ганаш крема
Слатката павлака и кршеното чоколадо го топиме на умерена температура додека не се соедини.Оставаме да се подизлади и филуваме.
Забелешка.
Тортата е прилично висока јас ве советувам дека може да ја печете и во тавче бр.26.
Тестото е преубаво може да си го искористите и за некоја слична торта многу е сличен на браунисот,врелата вода заменета ја со топло црно кафе.
Добар апетит!!!