20
мај
2013
Сочни чоколадни тортици
Во сад на пареа ставете го чоколадото, путерот и водата да се растопат.
Растопеното чоколадо префрлете го во стаклен сад и оставете да се олади.
Потоа додајте ги јајцата и шеќерот и убаво изматете со жица.
Постепено додавајте го брашното и мешајте со жица, да не останат грутчиња.
Калапот за мафини, премачкајте го со путер и набрашнете го.
Секоја вдлабнатина на калапот до половина наполнете ја со смесата.
Печете на 220 степени, 8 минути.
Послужете со топка сладолед!
Лиценца: Сите права се задржани
А таа белата ружичка од што е направена? И таа ме вика, не само колачево :D
Јас сакам од се на сликата, ама помножено со повеќе ;)
свесна ли си како ме намачи ? :) :) :) :)