Сочни чоколадни тортици
Состојки
- 100гр. чоколадо за готвење(мин 70% какао)
- 100гр. путер
- 2 јајца
- 80гр. шеќер
- 40гр. брашно
- 1 лажица вода
Подготовка
Во сад на пареа ставете го чоколадото, путерот и водата да се растопат.
Растопеното чоколадо префрлете го во стаклен сад и оставете да се олади.
Потоа додајте ги јајцата и шеќерот и убаво изматете со жица.
Постепено додавајте го брашното и мешајте со жица, да не останат грутчиња.
Калапот за мафини, премачкајте го со путер и набрашнете го.
Секоја вдлабнатина на калапот до половина наполнете ја со смесата.
Печете на 220 степени, 8 минути.
Послужете со топка сладолед!