Во сад на пареа ставете го чоколадото, путерот и водата да се растопат.
Растопеното чоколадо префрлете го во стаклен сад и оставете да се олади.
Потоа додајте ги јајцата и шеќерот и убаво изматете со жица.
Постепено додавајте го брашното и мешајте со жица, да не останат грутчиња.
Калапот за мафини, премачкајте го со путер и набрашнете го.
Секоја вдлабнатина на калапот до половина наполнете ја со смесата.
Печете на 220 степени, 8 минути.

Послужете со топка сладолед!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани