Кремаст сладолед од чоколадо
За овој рецепт не треба апарат за сладолед. Испага сосема кремаст, без ниту еден кристал и после ладењето во замрзнувачот. Има и една мана... Едно топче е исто калорично како да сте изеле едно парче торта.
Одделете од темното чоколадо 50 гр и исецкајте го на ситни парченца. Оставете го на страна.
Во тенџерче на пареа или на сосема тивок оган матете ги со жица јајцата со двете врсти шеќер и какаото додека не добиете густа и леплива пена, а шеќерот и какаото не се сосема растопени. Оставете да се пролади.
Останатото темно чоколадо искршете го на парченца заедно чоколадото за готвење и растопете го во микробранова, на тивок оган или на пареа. Додајте го во кремот од јајца и добро измешајте.
Во кремот од чоколадо и јајца додајте го маскарпонето и добро измешајте со жица.
Цврсто изматете ја слатката павлака, па внимателно вмешајте ја во чоколадото. Додајте ги и парченцата чоколадо и уште еднаш лесно промешајте.
Истурете го сладоледот во погоден сад за замрзнување со капак, па оставете да се сврдни најмалку 4 часа.
Уживајте без грижа на совест....
Лиценца: Сите права се задржани
Fala ti :)
Супер е Лили, ме бендиса многу :)
NE treba aparat za sladoled :)))
Pozadinata mi ja pokloni sin mi :)
Сладоледот во втор план дојде, а многу вкусно изгледа по сосотојките.
A da stanam food stylist ?!?!
кремастата структура е феноменална, ама за мене прејак вкус на чоколадо. затоа, тој за кој што со љубов го направив, го заљуби :) :) :) :)
Iako ne potseti, vo laziceto se zagledav :)))) Fala ti :)