Тирамису сладолед без јајца (во апарат за сладолед)
Пред подготовка на сладоледот садот од апаратот за мешање на сладоледот секогаш треба да биде одстојан во замрзнувач најмалку 12 часа, а исто така и состојките што се користат да бидат ладни од фрижидер.
Во сад ставете ги млекото, павлаката, кафето, шеќерот, румот, маскарпонето и со жица убаво измешајте да се стопи шеќерот и смесата да се изедначи.
Ставете ја во апаратот за сладолед и пуштете го да работи околу 30-на минути.
За тоа време смесата ќе се згусти и сладоледот е готов.
Во меѓувреме пишкотите исечете ги на помали парчиња (пример секое на 4) и натопете ги во кафето и оставете ги на страна.
Кога е готов сладоледот во кутијата што ќе го чувате сладоледот ставете пола од сладоледот, со цедалка посипете со чоколадо во прав или какао и додајте ги пишкотите. Одозгора додајте го останатиот сладолед, пишкотите и со лажица малку порамнете ги. Посипете со чоколадото во прав или какаото.
Затворете ја кутијата и ставете ја во замзнувач 1-2 часа, потоа послужете се.
Лиценца: Сите права се задржани
Супер е, одлично Невенче!