23
јул
2015
Сладолед со наполитанки (во апарат за сладолед)
Пред подготовка на сладоледот садот од апаратот за мешање на сладоледот секогаш треба да биде одстојан во замрзнувач најмалку 12 часа, а исто така и состојките што се користат да бидат ладни од фрижидер.
Наполитанките сомелете ги и ставете ги во сад. Додајте го шеќерот, млекото, павлаката, ванилата и убаво измешајте да се стопи шеќерот.
Смесата ставете ја во апаратот за сладолед и пуштете го да работи додека се зацврсти. Тогаш сладоледот е готов.
Префрлете го во кутија и оставете го во замрзнувач 1-2 часа да се подзамрзне.
Потоа е спремен за дегустација.
Лиценца: Сите права се задржани