Торта со наполитанки
Белките матете ги во цврст снег, па постепено додадете го шеќерот и продолжете со матење се додека се истопи.Додадете ги мелените лешници и брашното и убаво соединете.
Калапот,со пречник 25 см.,обложете го со хартија за печење, сипете ја смесата и печете во загреана ререна на 180 степени додека кората не порумени.
Во сад ставете 500 мл.млеко, додадете половина од шеќерот во прав и оставете да зоврие. На страна, изматете ги преостанатото млеко, жолчките и пудинзите. Додадете во зовриеното млеко и оставете на умерена температура додека згусне,при тоа мешајќи без прекин.
Посебно, изматете го маргаринот и преостанатиот шеќер во прав. Соединете со оладената пудинг смеса. Филот поделете го на два дела. Во првиот дел додадете ги мелените наполитанки а во другиот стопеното чоколадо.
Кората прво премачкајте ја со филот од наполитанки и врз неа нанесете го филот со чоколадо. Изравнете и прелијте со чоколадна глазура.
Лиценца: Сите права се задржани