Печено пиле во апарат на Делимано (со малку поинаква маринада)
Е драги мои, полесен, а превкусен ручек денес имавме.
Апаратот на Делимано сам ќе си ја заврши работата, само вие сработете го следното.
Сите состојки за маринада се ставаат во еден сад и со четка се премачкува цело пиле во внатрешноста и однадвор.
Оставете го најмалку 5-6 часа во фрижидер да се маринира.
Се става на апаратот, со четка повторно се премачкува со маринадата и уживајте.
Се печи околу 1,30 минути.
Компирот се лупи и се сече на кришки.
Се прави иста маринада како за пилето.
Се потопуваат секое парче компир во маринадата и се пржат во тава на оган.
Јас за повеќе калории ставив уште малку од мајонезот одозгора.
Комппирот е фантастичен, однадвор крцкав а внатре е мек.
Сервирајте го испеченото пиле и компирите и уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани