Испечати

Кремаст сладолед од чоколадо

Кремаст сладолед од чоколадо

Состојки

  • 2 јајца
  • 1/2 шоља (100 гр) шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 шоља (240 гр) маскарпоне
  • 2 лажици какао
  • 100 гр чоколадо за готвење со 54 % какао
  • 100 гр темно чоколадо со 77 % какао
  • 1/2 шоља (125 мл) слатка павлака со 35 % м.м.

Подготовка

За овој рецепт не треба апарат за сладолед. Испага сосема кремаст, без ниту еден кристал и после ладењето во замрзнувачот. Има и една мана... Едно топче е исто калорично како да сте изеле едно парче торта.
Одделете од темното чоколадо 50 гр и исецкајте го на ситни парченца. Оставете го на страна.
Во тенџерче на пареа или на сосема тивок оган матете ги со жица јајцата со двете врсти шеќер и какаото додека не добиете густа и леплива пена, а шеќерот и какаото не се сосема растопени. Оставете да се пролади.
Останатото темно чоколадо искршете го на парченца заедно чоколадото за готвење и растопете го во микробранова, на тивок оган или на пареа. Додајте го во кремот од јајца и добро измешајте.
Во кремот од чоколадо и јајца додајте го маскарпонето и добро измешајте со жица.
Цврсто изматете ја слатката павлака, па внимателно вмешајте ја во чоколадото. Додајте ги и парченцата чоколадо и уште еднаш лесно промешајте.
Истурете го сладоледот во погоден сад за замрзнување со капак, па оставете да се сврдни најмалку 4 часа.
Уживајте без грижа на совест....