
17
јун
2013
Кремаст нугат сладолед
Во еден подлабок сад ставете ја павлаката, млекото и двете пакетчиња крем. Матете со миксер, прво на најмала брзина, а потоа кога ќе почне кремот да се згуснува на најголемата брзина. Нугат смесата ставете ја на пареа да омекне и неа додадете ја во кремот и убаво измешајте со миксерот. Ставете во соодветен сад и потоа во замрзнувач. Сладоледот е готов отприлика после 3 часа. Уживајте во богатиот вкус на нугат!
Доколку немате нугат смеса, може да користите и чоколадо со нугат кое исто така ќе го истопите на пареа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови