Од млекото се одземаат неколку лажици за да се разбие пудингот и шеќерот, остатокот се става на оган. Смесата се додава во зовриеното млеко и со постојано мешање се вари пудинг. Се остава на страна да олади. Лешниците прво се потпекуваат па се мелат. Наполитанките се дробат или се сечкаат на ситно.
Хоплата се бие. За оние што сакаат поблаг вкус на истата слободно нека додадат 1 лажица мед или 1 полна лажица шеќер во прав. Оладениот пудинг се бие на кратко, се додаваат 3 лажици хопла и се продолжува со биење се додека не се добие хомогена смеса. Останатата хопла се дели на два еднакви дела. Во едниот дел се додаваат наполитанките и лешниците. Се меша со лажица се додека убаво не се соедини. Бисквитите се макаат во ладно млеко и се редат. Над првиот ред се додава смесата со хоплата, лешниците и наполитанките.
Повторно се прекрива со бисквити, па се додава пудингот. На крај последниот ред бисквити и се прекрива со преостанатата половина хопла. Се посипува со какао или несквик.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава за пржење ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани