11
мар
2014
Посни компир крокети
Овие крокети се одличен додадок кон основно јадење за време на пости, а исто така може и да се направат за некоја празнична трпеза.
1. Компирите ги вариме, ги лупиме, ги пасираме додека се топли и ги додаваме брашното, солта, маргаринот, водата и зачините.
2. Правиме топчиња во кои ставаме по мала коцка кашкавал. Внимаваме да коцката дојде во средина на топчето.
3. Ги валкаме во сусам и ги пржиме во поголема количина масло. Кога ќе се издигнат на површината и добијат светло кафеава боја, веќе се пржени.
4. Ги вадиме и ги ставаме на салфетка, за да ја впие вишокот маснотија од нив.
Посни се ама може и да не бидат посни. Заменете го маргаринот со путер и посниот со мрсен кашкавал.
Лиценца: Сите права се задржани
Ќе го искористам рецептов и да укажам на нешто ... постам веќе 15 години и порано и јас користев "растителен" кашкавал, но се распрашав и кај нас по продавнициве и прочитав дека всушност и не постои целосно растителен кашкавал, туку мора да има некој минимален процент на млечни протеини за да се добие соодветна конзистенција. Е сега тоа кај нас може и да пројде како растително, си признавам поминало и кај мене во изминатите години, но еве веќе 4-5 години наназад за време на пост не го употребувам.
Се надевам дека нема да ми се налутиш, не беше во таков контекст коментарот ... само најдобронамерно за да се има предвид за понатаму.