Посни компир крокети
Состојки
- 500 гр компири
- 200 гр брашно
- 40 гр маргарин
- 50 мл вода
- 100 гр посен кашкавал
- сол по вкус
- мешан сув зачин, по вкус
- 150 гр сусам
- масло за пржење
Подготовка
Овие крокети се одличен додадок кон основно јадење за време на пости, а исто така може и да се направат за некоја празнична трпеза.
1. Компирите ги вариме, ги лупиме, ги пасираме додека се топли и ги додаваме брашното, солта, маргаринот, водата и зачините.
2. Правиме топчиња во кои ставаме по мала коцка кашкавал. Внимаваме да коцката дојде во средина на топчето.
3. Ги валкаме во сусам и ги пржиме во поголема количина масло. Кога ќе се издигнат на површината и добијат светло кафеава боја, веќе се пржени.
4. Ги вадиме и ги ставаме на салфетка, за да ја впие вишокот маснотија од нив.
Посни се ама може и да не бидат посни. Заменете го маргаринот со путер и посниот со мрсен кашкавал.