29
ное
2014
Посни крокети од компир и брокула
Компирите ги лупиме и вариме. Сварените компири ги гмечиме со вилушка.
Брокулата ја вариме во зовриена вода 5 минути и ја сецкаме ситно.
Ја додаваме кај компирот го сецкаме и лукчето и магдоносот додаваме сол и се заедно соединуваме.
Со влажни или намрсени раце формираме крокети и ги валкаме во брашно измешано со сусам.
Ги пржиме во масло или путер превртувајки ги од двете страни. Можат и да се печат на 180 степени околу 15 минути исто така превртувајки ги од двете страни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови