Најпрвин сварете ги компирите и батаците.
Компирите испасирајте ги, а од батаците отстранете го месото и исцепкајте го на ситни парчиња.
Во длабок сад ставете ги компирите, пилешкото месо, рикотата, пармезанот и жолчката.
Зачинете и убаво измешајте.
Од смесата формирајте крокети, свалкајте ги во белка и презла и пржете на загреано масло.

Послужете ги со сос од кечап, сенф и мајонез.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани