Куглоф за Љубица
Овој рецепт го посветувам на нашата Љубица - Љубица Поп Тошева и нека го носи нејзиното име, Куглов за Љубица,
1. Брашното, пецивото, оревите, сувото грозје и ренданата кора од лимонот ги измешате и оставете настрана.
2. Исцедете го сокот од лимонот во чаша и оставете настрана.
3. Се матат јајцата со шеќерот и ванила. Кога се добро сматени во млаз се додава врелата вода при што за цело време непрекинато се мати со миксерот. Се додава сокот од лимонот, се промешува. На крај се додава измешаното брашно. Целото ова се меша да се спојат сите состојки.
4. Истурете во подмачкана модла за куглов или силиконскиот куглов од колекцијата Фантазија на Делимано, оставете малку од смесата во која ќе додадете какаото, измешајте и истурете ја оваа смеса одозгора по средината, со вилушка лесно промешате за да се ишари одозгора и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин.
Забелешка
-во овој куглов немора да ставите ниту ореви ниту суво грозје, јас тоа така си ги придодавам...
- Можете да ставите и кора од портокал, сок од портокал... честопати тоа го правам.
- Кугловот не морате да го залевате со глазура, супер си е и без неа, ама нели да е шаренко малку, па денешната верзија нека е таква каква што ја гледате на сликата... а доколку сакате и вие да го залиете со глазура... тогаш на пареа стопете 200 гр, чоколада со 6 лажици зејтин, а декорацијата ја правите каква што сакате....ова останува ваш избор...
Нека ви е слатко...
Лиценца: Сите права се задржани
Ме заинтригира тоа што е со лимон,од секогаш сум сакала да ја пробам таа варијанта,па некако „случајно„ си ме погодила Лилјанче.
Фала на посветата,ти секако најдобро знаеш со што сум те инспирирала...ама мене ми измами толку многу насмевки што чувствувам дека мускулите на образите почнаа и да ме болат,а не можам да престанам да си се смешкам задоволно.
Јас немам силиконски калап,но се надевам дека и постоечкиот тефлонски ќе заврши работа.Кога ќе го спремам,секако ќе се јавам со слика,која се надевам ќе биде успешна колку и твојата и со украсна шара,која си ја направила мајсторски!
Поздрав до тебе!
Напишав и во рецептот, немора да е силиконски... а и немора да го ставиш во таква модла, многупати го правам во модлата за Срнечкиот хрбат, обично тавче, трпи овој рецепт и додавки и одземања, многупати и јаболка ставам а намалам од бројот на јајцата... поздрав и благодарам на вниманието!
*Лудо стил!
јас си добив лудо тесто, љубица куглоф, на маја направи ѝ коцки некои, на клара нешто со печурки (ѝ растат рогчиња од злоба) :) :) :) :)