Омилен куглоф
1. Сите состојки треба да бидат на собна температура. Путерот и шеќерот со ванилата се матат пенасто. Постепено се додаваат јајцата.
2. Се месаат брашното, бадемот и прашокот за пециво и постепено се додаваат на путерот, наизменично со млекото.
3. 2/3 од смесата се излива во калап за куглоф, предходно намастен и посипан со брашно.
4. Какаото шеќерот и циметот се мешаат и им се додава млекото да стане глатка смеса. Ова се додава на преостанатата третина од куглофот и добро се измешува.
5. Се истура во калапот и малку со вилушка се промешува (јас правам кругови од доле према горе во тестото).
6. Се пече 50-60 мин. на 175 ст. С
7. Готовиот колач се остава неколку миути во калапот, се превртува во чинија и се посипува со шекер во прав, чоколаден прелив....
Лиценца: Сите права се задржани