Се матат јајцата. Се додава маслото, јогуртот, шунката, сирењето и маслинките (претходно убаво исецкани). Брашното се меша со пченкарното, пецивото, малку сол (јас му фрилв малку повеќе сол, а и малку вегета и многу солено ми испадна, заборавив дека има сирење и маслинки). Се додаваат во течната смеса, се меша со лажица. Куглофот се премачкува со путер, се турива смесата и се пече околу 30 мин на 250’С, а потоа уште 10тина минути на 180’С.
Може да се декорира со павлака (јас немав во моментов), сирење, домат...

*Филџаните што ги користев се оние за кафе, од 100мл одприлика.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови