Куглоф за Љубица
Состојки
- 4 јајца
- 270 гр. шеќер
- 1 ванила
- 150 мл. врела вода
- 320 гр. брашно
- 1/2 пециво
- 1 лимон
- 2 лажици какао
- од око сецкани ореви и суво грозје
Подготовка
Овој рецепт го посветувам на нашата Љубица - Љубица Поп Тошева и нека го носи нејзиното име, Куглов за Љубица,
1. Брашното, пецивото, оревите, сувото грозје и ренданата кора од лимонот ги измешате и оставете настрана.
2. Исцедете го сокот од лимонот во чаша и оставете настрана.
3. Се матат јајцата со шеќерот и ванила. Кога се добро сматени во млаз се додава врелата вода при што за цело време непрекинато се мати со миксерот. Се додава сокот од лимонот, се промешува. На крај се додава измешаното брашно. Целото ова се меша да се спојат сите состојки.
4. Истурете во подмачкана модла за куглов или силиконскиот куглов од колекцијата Фантазија на Делимано, оставете малку од смесата во која ќе додадете какаото, измешајте и истурете ја оваа смеса одозгора по средината, со вилушка лесно промешате за да се ишари одозгора и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин.
Забелешка
-во овој куглов немора да ставите ниту ореви ниту суво грозје, јас тоа така си ги придодавам...
- Можете да ставите и кора од портокал, сок од портокал... честопати тоа го правам.
- Кугловот не морате да го залевате со глазура, супер си е и без неа, ама нели да е шаренко малку, па денешната верзија нека е таква каква што ја гледате на сликата... а доколку сакате и вие да го залиете со глазура... тогаш на пареа стопете 200 гр, чоколада со 6 лажици зејтин, а декорацијата ја правите каква што сакате....ова останува ваш избор...
Нека ви е слатко...