Кафе торта која не се пече
Оваа Кафе торта која не се пече дојде на ред и истовремено да постане и моја јубилејна. Лесна за подготовка иако многу е текст за неа.
- Изблендирајте го кексот или сомелете на машинка за ореви.
- Лешниците изблендирајте ги исто така, но сосема кратко за да останат покрупни,
- Измешајте ги кексот и лешниците - додадете го омекнатиот путер и измесете компактна смеса. Поделете ја на два еднакви дела.
- Дното на модлата (подвижно дно - модла на откопчување) обложете го со хартија за печење. Едната половина од кексовата смеса распределете ја на самото дно формирајки кора. Со другата половина од смесата обложете го зидот на модлата (страницата) но не до целата висина, туку оставете раб од околу 1 см. необложено. Ставете во фрижидер да одстои околу 10-15 мин.
Модлата е со размер од 24.
Ганаш
- Во сад ставете да ја загреете слатката павлака внимавајки да не ви проврие, тргнете - додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека се стопи, за да на крајот силно измешате да добиете и сјај на самиот ганаш и да се добро спои веќе стопеното чоколадо со самата павлака. Извадете ја модлата од фрижидерот и исипете го млакиот ганаш - распределето го само на дното. Оставете околу 10 мин. да се лади на собната температура, потоа вратете во фрижидерот. Додека се лади - вие спремете го кремот.
Кафе крем
Најпрво сварете јако црно кафе кое прецедено треба да ви изнесува 170 мл. Оставете да се лади. Желатинот истурете го во сад и прелијте со 4-5 лажици ладна вода - оставете да набубри. Одделете 2 жолчки.
- На пареа или во сад со дупло дно ставете го маргаринот и чоколадото да се топи, стално промешувајки го да не ви загори чоколадата. Тргнете од огнот и веднаш додадете ги жолчките силно мешајки со лажицата или жицата за матење околу 1-2 мин. Стопете го набубрениот желатин над пареа и додадете кај смесата од чоколадата и жолчките, 50 мл. слатката павлака и кафето.
Со жицата за матење или со миксерот вклучен на најнискиот степен - матете да се сето тоа добро воедначи и да е хомогено - да нема грутки.
Ставете го садот со добиениот крем во фрижидерот, но повремено мешајки, не смеете да дозволите да се стегне - сепак треба да остане во течна состојба, односно треба да е оладен овој крем кој внимателно ќе го измешате со цврсто изматената слатка павлака - 250 мл. и тоа лажица по лажица ќе додавате и секој пат добро со жицата мешајте за да се спои со кафе кремот.
- Извадете ја модлата од фрижидер и сега истурете го вака добиениот Кафе крем. Вратете повторно во фрижидер и потребно е да одстои се додека сосема не се зацврсти кафе кремот. Откако добро одстојал и потполно е кремот цврст , извадете ја модлата, внимателно со рака симнувајте го работ од кексите кој останал над кремот на внатре - тоа ќе ви е украсниот раб.
Понатаму декорирајте по ваша желба. Внимателно со тенок нож поминете покрај зидот од модлата за да ја одлепите облогата, откопчајте ја - тортата веќе е готова за да ја преместите на тацна.
Уживајте!
Совет
- Доколку не сакате да ставите жолчка во кремот, не мора - може и без нив.
- Се надевам дека сфативте, се остава околу 1 см. празен раб од страницата на модлата. Кога се полни со кремовите веќе формираната облога на тортата, пак нема да се наполни и останува празнина околу 1,5 см. која на крај откако ќе ја одлепите од страницата и вракате врз кремот ќе ви биде декорацијата на самата торта - декоративен раб ,а површински како сакате така декорирајте.
Кај мене струготини од чоколада и листови од чоколада кои ги направив така што стопив чоколадо и го нанесов на листовите од трендафилите, се олади и само нај едноставно ги одлепив листовите.
- Лично на мене повеќе ми се допаѓа кога ќе ја истенчев повеќе смесата од кексот и ќе оставев да остане повисок раб на модлата кој ќе беше потоа и поширок украсен раб, но веке бидна, се стори...
Ќе заборавев да ви напоменам... и да ви одрони и падне на самиот Кафе крем од кексовиот раб... внимателно со раката пак вратете го на место, нема да се оштети ниту површината на кремот.
- ако сакате во павлаката додадете шеќер да ви биде послатко. Јас додадов само 2 лажици шеќер во прав.
- При обложувањето на самата модла со смесата од кексот која е малку ронлива, не и се нервирајте, ќе успеете да ја нанесете.
Лиценца: Сите права се задржани
Секој ден погледнував кога ќе се пушти...Преубава тортата!!! Уште многу рецепти, убавини, искуства и совети да ни споделуваш тука Љиљо во оваа виртуелна, а се надевам и реална дружба! И уште многу има да се зборува...пофални зборови да се кажат..., ама ај ќе оставам нешто да кажат и другите:)))
Tortata e prekrasna!
со нетрпение го очекувавме твојот 400. рецепт...Јубилеј кој вреди за Оскар :) А тортава, ни доаѓа да го изедеме мониторот :)))
Сите наши најубави зборови за тебе, и сите наши најискрени желби и виртуелно, и реално :)
За овој јубилеј добиваш ваучер за Делимано производи во вредност од 6000 денари, за сама да си одбереш подарок по желба :)
Честитки, и нашата дружба продолжува...
Тортата преубава...секоја чест!!!!
Otkriv i nauciv mnogu novi raboti od tvoite recepti.
A tortava....SON! Pozdrav!
Cestitki i za nagradata, so zdravje da si koristis sto ke si odberes!!!
Tortava... da sum poblisku... mmm...
Секоја чест за сите рецепти ,не само за овој јубилејниов.
Во една прилика пишав дека ми е чест што сум дел од вас и вашата дружба.Никогаш не се одреков од тоа.Продолжи така како што беше до сега затоа што имам уште што да учам од тебе.Воедно, со здравје да се кориси се што ќе се купи од ваучерот.
Уште еднаш, честитки ....
голем поздрав до тебе!
Neka vi se srekni praznicite i za mnogu godini, so zelba da ve prati sreka i radost Vas i vasata familija
zaboraviv, tortata prekrasna
sekoja cest ,za postavenite 400 recepti na ovaa stranica,moirecepti,,ne samo sto se postaveni ,no sekoja bese recept na denot ,recept na mesecot,dobro,objasneti ,slikovito prikazani ,recepti od sekakov vid ,od tradicionalni do najaktuelni i brzi a vkusni za denesnata prezafatena domakinka,CESTITAM ,za jubilejnata prekrasna torta pa uste i sto ne se pece,za se imas zemeno vo obzir ,i jas ti CESTITAM i te narekuvam prava vistinska domakinka ,majka baba i sopruga,za sekoe vreme ,,Tvoite vrednosti se PREGOLEMI ,mnogu ,mnogu, golemi sto ete i samoto UREDNISTVO, go uviduva toa,no jas veruvam da Vie Zaluzuvate i poveke ,no toa se propoziciite, na ovaa MAKEDONSKA STRANICA, Liljana od se srce ti pozeluvam se najubavo i prodolzi so ovaa tempo na rabota zosto toa veke i site nie go ocekuvame od tebe pozz Jordanka
Кај твоите, и рецептите на само уште пар членки овде,посебно го ценам тоа што не објавуваш рецепти од типот „мрсна торта“, туку секогаш или ја презентираш нашата македонска традиција,или нешто од светската кујна, но СЕКОГАШ тоа е нешто необично,приготвено со многу љубов и презентирано со прекрасни фотографии(што исто така според мене е особено важно), и секогаш на многумина ни даваш шанса да научиме нешто ново од велемајстор за готвење.За мене си, исто така една од ретките, кои на овој сајт му го поткреваат малку квалитетот.БРАВО и уште еднаш најискрени честитки од мене и моите.
Среќен Велигден, за многу години, многу здравје,среќа и бериќет тебе и на твоите најмили.
Честит Велигден на тебе и твоето семејство :)
морам да ослабам, имај милост! :) :) :) :)
Срекни празници!
Честит Великден, срекни празници!
Драги мои, ни на крај памет не ми пагаше дека полека - но сигурно - ке се избројат толку рецепти, самата си приредив и јас изненадување кога ја гледав веке бројката..која сигурно немаше да биде ако не постоеше нашиот сајт, ако не бевте вие и вашата голема подршка!Посебно се заблагодарувам на уредништвото што ни причинува големи радости прво кога ке одлучи да го објави рецептот како мој така и на останатите членки.
Сакам на сите посебно да им се заблагодарам за честитките, да се заблагодарам на сите кои веруваа во моите рецепти, на сите кои испробаа од рецептите и нормално на сите оние кои не ги испробаа, но ме подржаваа!
Благодарам,
Христос се роди!!!
а за тебе Лилјана веќе секаков коментар е излишен, што да речам, дур да честитам за 400-от рецепт ти ќе стасаш до 500 успешни рецепти.
П.С. Јас мислам МР редно е да ти поклонат некој апарат за сликање :)) Добра идеја, што велиш?!