Сомелете ги урмите. Ако се посуви сомелете ги со сокот од портокал и додајте ја кората.
Бисквитите измешајте ги со мелените бадеми и шеќерот.
Додајте ги мелените урми и маргаринот на собна температура и на крај сецканите плодови.
Измаешајте ја убаво смесата со рака.
Ставете пек хартија или целофан врз правоаголен калап и натапкајте ја смесата со дебелина од 1-1,5 см и оставете ја во фрижидер да се стегни убаво за да можи да се сечи со ситни калапчиња.
Исечените калапчиња оставете ги во замрзнувач, малку да се потстегнат и потоа чоколадирајте ги со растопеното чоколадо и малку масло. Украсете ги по желба и можност.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани