Испечати

Бомбониера со урми, лешници и ореви

Бомбониера со урми, лешници и ореви

Состојки

  • 200 гр мелени бисквити
  • 60 гр бадеми
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр урми без коска
  • 250 гр маргарин
  • 80 гр сецкани ореви
  • 40 гр сецкани потпечени лешници
  • 1 кора и сок од портокал
  • 200 гр чоколадо и малку масло

Подготовка

Сомелете ги урмите. Ако се посуви сомелете ги со сокот од портокал и додајте ја кората.
Бисквитите измешајте ги со мелените бадеми и шеќерот.
Додајте ги мелените урми и маргаринот на собна температура и на крај сецканите плодови.
Измаешајте ја убаво смесата со рака.
Ставете пек хартија или целофан врз правоаголен калап и натапкајте ја смесата со дебелина од 1-1,5 см и оставете ја во фрижидер да се стегни убаво за да можи да се сечи со ситни калапчиња.
Исечените калапчиња оставете ги во замрзнувач, малку да се потстегнат и потоа чоколадирајте ги со растопеното чоколадо и малку масло. Украсете ги по желба и можност.