26
дек
2014
Бомбониера со урми, лешници и ореви
Сомелете ги урмите. Ако се посуви сомелете ги со сокот од портокал и додајте ја кората.
Бисквитите измешајте ги со мелените бадеми и шеќерот.
Додајте ги мелените урми и маргаринот на собна температура и на крај сецканите плодови.
Измаешајте ја убаво смесата со рака.
Ставете пек хартија или целофан врз правоаголен калап и натапкајте ја смесата со дебелина од 1-1,5 см и оставете ја во фрижидер да се стегни убаво за да можи да се сечи со ситни калапчиња.
Исечените калапчиња оставете ги во замрзнувач, малку да се потстегнат и потоа чоколадирајте ги со растопеното чоколадо и малку масло. Украсете ги по желба и можност.
Лиценца: Сите права се задржани
И со кафенце супер би одело веројатно, не ми текнало мене пак да пробам-добра идеја Дијана :)
Шар-бар, јас сум си дебела затоа што ме ИМА ;) ситните задоволства се баш за тоа :)))