Уште еднаш по којзнае кој пат длабоко се поклонувам на Бигорски Манастир и идејата за нашата посна Новогодишна торта.

Најпрво се припрема пандишпанот. Во подлабок сад се става водата и шеќерот јас ставив и 2 ванили во тестото и со лажица се размешува да се подрастопи шеќерот, а потоа се додаваат масло и на крај сите суви елементи. Се меша тестото додека не се изедначи смесата. Идејата во каква тава ќе ја печете Ви ја оставам вас. Јас сакав овој пат да направам округла торта со едно подебело тесто и филови над него па така и печев. Тестото се пече 20-25 мин на 180 степени.

Во сад на оган се става 500 мл вода и кокосовото млеко да проврие. Во останатата вода во друг сад се размешуваат пудинзите. Јас денес немав три па ставив еден пудинг од ванила и околу 80 гр густин. Се вари густ крем и од кога ќе ја добие потребната густина се трга од оган. Се дели на два дела. Во едниот се додава 100 гр. кокос а во другиот 50 гр рендана чоколада и 50 гр мелени ореви. Маргаринот се мати со 250 гр шеќер во прав и се дели по половина во двата сада со изладените кремови. Се матат филовите со миксер убаво да се изедначат.

Испечениот пандишпан се попрскува со сок од цеден портокал и се филува прво белиот фил па кафеавиот. Јас го искористив кафеавиот за украсување на тортата.

Забелешка. Пудингот во тестото не е грешка, треба да има едно пакетче и по желба рендана кора од портокал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови