Торта Снежна идила (посно)(јубилеен 800ти рецепт)
Почитувани пријателки овде,почитувани МР.
Полека но сигурно стасав до мојот јубилеен 800 ти рецепт.
Потполнив уште една стотка од нови,разни,интересни рецепти кои се надевам дека ќе послужат на многу млади, нови,па и искусни домаќинки,за учење, промена и размена во кујната.
На секој јубилеј, му се радувам како на прв.
Се радувам што што сум овде со вас.
Време е на пости,затоа решив мојот 800 ти рецепт да биде посна торта.
Овој спој на посни состојки,направи едно убаво дело,една зимска бајка.
Тортата лесна за изработка,да може секој почетник да ја приготви.
Украсувањето си го оставив на мојата фантазија и искрено уживав во истата.
За подготовка на пандишпанот не ми требаше миксер.
Ги споив течните со сувите состојки.
Брашното го помешав со пецивото, додадов 10 лажици шеќер и 15 лажици мелени ореви.
Откако ја промешав смесата додадов 80 мл масло и 250 грама фанта.
Мешав убаво да ги соединам состојките, а кога смесата беше готова ја префрлив во калап за печење.
Печев во претходно загреана рернана 180 степени.
Откако се испече, ја оставив да излади, а потоа ја пределив на два дела.
Филовите ги приготвив пред да почнам да го печам пандишпанот, па затоа веднаш почнав да ја филувам.
Го ставив едниот делод пандишпанот, го премачкав со филот од ореви и бисквити.
Потоа го нанесов и вториот пандишпан, а врз него го послав белиот фил.
Ја израмнив добро, ја ставив во ладилник да стврдне филот.
Откако излади ја премачкав од страната со преостанатиот фил, ја израмнив и ја оставив за да размислам како би ја декорирала.
Филот го спремив на следниот начин
Приготвив два сада.
Во едниот сад ставив 125 гр маргарин и го изматив со 100 гр шеќер во прав.
На страна сварив 2 пудинзи од ванила во 500 мл вода.
Ставив и 5 лажици шеќер.
Откако истина го помешав со маргаринот, додадов кандирани коцки портокал.
Вториот фил го приготвив на следниот начин.
Во сад изматив 125 гр маргарин, а потоа додадов 100 гр, темен шеќер.
Во друг сад додадов 220 гр мелени бисквитии 150 гр мелени бадеми.
( овде може да ставите јаткасти плодови по вкус ) ги прелеав со сок од портокал и ги измешав добро.
Ги соединив со преходно матениот темен шеќер и маргарин.
Измешав добро.
Ова е една краситка торта,во која доминира портокалот.
Се надевам дека ви се допадна.
Декорацијата може да ја смените,ова беше мојот избор.
На здравје и среќни празници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Neka se nizat i ponatamu recepti od tvojata ubava kujna na stranava
Ubava torta, za Ubav povod
Uzivaj vo denesniot den
Topol pozdrav ti isprakam
Се најдобро ти посакувам.
Тортата како од бајка ... и мило ми е што и ти одбра посна торта да ти е јубилејната бројка :)
Ти посакувам се најдобро тебе и на семејството, иако далеку од тука, секогаш си тука ... честитки и среќни празници :)
Те поздравувам ❤
Учам од најдобрите овде ❤
Торатава фантазија! Кога ја видов се воодушевив, а особено ме радува што твојот избор за оваков значаен јубилеј е посен:) Продолжи со исто темпо, со прекрасни рецепти кои се содржителни и проткаени со убави фотографии! Уживај во овој прекрасен и значаен ден!
Ги сакам овие денови, и мило ми е што 800 рецепт ми е баш во овој период ❤
Поздрав Љубинка ❤
Ќе пробам од другиот лап топ.
Поздрав миличка ❤
Еве и сега неможам да ставам пресек ?
Прекрасна торта за прекрасен јубилеј, бројка која бара многу труд, време, внимание, бравос!!!
Фотографијата како бајка ❤
Среќни празници :-)
Па и домасме си такви,од се сакаме да си пробаме и така си се нижат рецептите ))) Поздрав Дијана
Ti cestitam i posakuvam uste mnogu spodeleni recepti tuka na stranava.
Iskreno mi se dopagja tvojata rabota vo kujnata.
Cestitki uste ednas.
Среќни празници!
Среќни празници и на тебе мила ❤
нека се множат прекрасни рецепти, убави дружби уште многу
една прегратрка далечна од мене до тааааму далеку, до тебе :*
Ми се вклопи периодот на новогодишните празници,па си реков нека биде една зимска идила.Со рецептите продолжуваме,но
се надевам дека ќе испадне прилика пак да се дружиме.
Ве гушкам и јас од далеково ❤
Голем поздрав до тебе, ти посакувам среќни празници ♥️
задоцнето, но не заборавено, заради празниците и зголемениот обем се навраќаме на твојот ГОЛЕМ јубилеј.
Ти си вистински уметник во кујна. Овој твој јубилеен рецепт изгледа како да е излезен од некое светско списание за кулинарство. Вистински професионализам, меѓутоа пред се голема љубов кон готвењето.
Те охрабруваме да продолжиш со досегашното темпо да не изненадуваш со твоите вкусни рецепти. Мораме да ти признаеме дека за празниците испробавме и уживавме во дел од твоите празнични идеи.
Ти благодариме за твоите 800 рецепти и ти подаруваме Делимано Кујнски робот ПРО. Честитки!
Дружбата продолжува и понатаму,
тимот на МоиРецепти
Останете ми здрави
Останете ми здрави,се надевам на некоја нова дружба ❤