Есенска идила со мелено месо
Ова е стара рецепта, која мајка ми, а и многу други домаќинки знам дека ја правеле, а јас само ја украсив на мој начин.
Во еден сад го рендаме или ситно го сецкаме кромидот. Го додаваме месото, јајцето, лебните трошки и сите други зачини. Мешаме до хомогена смеса и го оставаме барем еден час во фрижидер.
Јајцата ги вариме, поставени во сад за варење со врвот нагоре ( за кога ќе ги пресечеме жолчката да биде во средина). Откако ќе се сварат ги лупиме. Добро е да бидат оладени.
Земаме во ракате од месото, правиме форма на плескавица и го ставаме јајцето во средина. Го обвиткуваме целото јајце со месото, со врвот нагоре. Ги ставаме секое посебно, во алуминиумска фолија и додаваме малку масло. Малечките јајца од препелица исто така ги виткаме со месото, само нив сите 4 ги ставив во една фолија.
Се пече на околу 200 степени. Ги пратиме и при крај на печењето ја подотвараме фолијата. Месото се лади и го декорираме по желба.
Забелешка
Меленото месо е составено од 70 проценти свинско и 30 проценти јунешко месо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Рецептот одличен....