Шарен солен ролат
Во три посебни садови се мати секој дел за кората.
1. И тоа за првиот пенасто се матат јајцата со малку сол, па се додава маслото, се намалува брзината на миксерот, па се додава павлаката, пецивото помешано со брашното (претходно просеани) и на крај ренданото сирење, вмешувајќи го со лажица.
За вториот и третиот дел одат истите количини на состојките, само што во црвениот дел се додаваат 3 супени лажици ајвар, а во зелениот 3 супени лажици обварен, исцеден и испасиран или исецкан спанаќ.
2. Смесите се ставаат наизменично врз намрсена хартија за печење, започнувајќи дијагонално.
3. Се печи на 180Ц. степени 25-30 мин. или во зависност од вашата рерна. Се витка во влажна крпа и се остава да олади.
4. Го спремаме фил од зденките и крем сирењето, така што зденките се матат, па се додава сирењето и убаво се соединува со лажица.
5. Изладената кора се премачкува со филот.Се редат листовите шунка и се витка ролат. Јас го украсив вака, а вие по ваша желба.
6. Се остава готовиот ролат во фрижидер убаво да се стегне, па се сечи со остар нож.
На здравје!
Моето првенче, кое Ви го препорачувам да го подготвите и пробате, одличен е за секоја свечена пригода.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Добровенајдов....
Мило ми е штом е така....
Како почетник тука, еве си најдов одма грешка во текстот...Се обидувам да поправам, ама неможам... :-)
Дали има "чаре"?
Благодарам...Да, шарен, декоративен, го збогатува изгледот на трпезата.... :-)
Кооооонечно и јас помеѓу Вас....
Благодарам уште еднаш на сите за Вашата љубезност, добри луѓе!!!
Гледам дека ќе имаме убава дружба, пред се, а секако и размена на искуства!!!!
Rolatot i jas go pravam so nekoi izmeni i navistina e i dekorativen i vkusen:)
Мешавина на вкусови....затоа чинам е толку вкусен, а се разбира и декоративен....
:-)
Vi blagodaram na site...
Среќна, збунета...хахаха.....
БЛАГОДАРАМ....
Рецептот е многу убав и декоративен ... честитки :)