Испечати

Шарен солен ролат

Шарен солен ролат

Состојки

  • За кора
  • 9 јајца
  • малку сол
  • 9 супени лажици масло
  • 6 супени лажици кисела павлака
  • 3 мали кафени лажичиња (рамно полни) прашок за пециво
  • 18 супени лажици брашно
  • 3 супени лажици рендано сирење
  • 3 супени лажици ајвар
  • 3 супени лажици обварен, исцеден, испасиран или исецкан спанаќ.
  • За фил
  • 140гр. топено сирење
  • 140гр. крем сирење со вкус на шунка
  • И уште ни е потребно
  • 200гр. тенки кругови на шунка.

Подготовка

Во три посебни садови се мати секој дел за кората.

1. И тоа за првиот пенасто се матат јајцата со малку сол, па се додава маслото, се намалува брзината на миксерот, па се додава павлаката, пецивото помешано со брашното (претходно просеани) и на крај ренданото сирење, вмешувајќи го со лажица.
За вториот и третиот дел одат истите количини на состојките, само што во црвениот дел се додаваат 3 супени лажици ајвар, а во зелениот 3 супени лажици обварен, исцеден и испасиран или исецкан спанаќ.

2. Смесите се ставаат наизменично врз намрсена хартија за печење, започнувајќи дијагонално.

3. Се печи на 180Ц. степени 25-30 мин. или во зависност од вашата рерна. Се витка во влажна крпа и се остава да олади.

4. Го спремаме фил од зденките и крем сирењето, така што зденките се матат, па се додава сирењето и убаво се соединува со лажица.

5. Изладената кора се премачкува со филот.Се редат листовите шунка и се витка ролат. Јас го украсив вака, а вие по ваша желба.

6. Се остава готовиот ролат во фрижидер убаво да се стегне, па се сечи со остар нож.
На здравје!

Моето првенче, кое Ви го препорачувам да го подготвите и пробате, одличен е за секоја свечена пригода.