Солен шарен колач
Треба да носи име Сузанин шарен солен колач, рецептот ми е точно од неа, а морам и овде да оставам трага за нејзината работа.. Од мала обожаваше да се брчка се нешто во кујната, нема никогаш да заборавам за нејзината авантура со Рококо тортата, а знаете колку беше мала???
На 9 години таа прво нешто одлучила да ја прави токму таа торта, ех , кои денови беа тоа...Сега веќе како сопруга и мајка - Сузана твори прекрасни делиции во кујната. Сузана.. благодарам!
1. Жолта кора
- Се уработуваат со миксер јајцата, се додава во нив јогуртот, зејтинот и брашното во кое сте го измешале пецивото. Добиената смеса сипете ја во плех послан со хартија за печење, се пече во предходно загреана рерна на 200 степена.
2. Црвена кора
- Се како предходно, само се додава 1 или 1.1/2лажичка црвен мелен пипер.
3. Зелено шарена кора
- Се исто како предходно само што се додава една шака сецкан магданос.
Корите се печат во плех 26 х 36
ФИЛ
-Добро го изработите со миксер маргаринот, додадете ренданото сирење, сецкана шунка и целото тоа спојте го со киселата павлака.
Се филуваат корите редејки ги една врз друга, а последната се премачкува само со павлака. Декорирајте по желба.
Совет
За да ви бидат еднакви - филот поделете го на два еднакви дела.
Лиценца: Сите права се задржани
Ммммм нема промашување тука,веднаш би си лапнала некоја коцка
Кога ќе си направиш вака,домче испечено,нема промашај...уф.
Ете тоа сакав да кажам :))) НАЈУБАВО!
Odgovorete mi, sakam da go napravam...