Декоративен брз ролат, вкусот ќе ги задоволи и најпробирливите.
Подготовка
1. Меленото свинско месо го замесуваме со сите зачини, јајца и презла. Мисиркиното месо и кромидот ги сецкаме во сецко и нив ги додаваме во смесата. Оваа смеса ја ставаме на почеток во силиконсиот делимано калап за векни. Врз смесата ставаме малку грашок. Јајцата кои ни се предходно варени и морковот ги ставаме врз оваа смеса (погледнетеги дополнителните фотографии).
2. Пилешкото месо го мелев во сецко користев замрзнати пилешки прсти. Мисиркиното пушено месо и кромидот исто ги мелев во сецко. Месото со сите зачини и грашок ги замесуваме во него го додаваме кромидот и мисиркино месо. Оваа смеса ја ставаме врз јајцата и морковот. Покриваме со фолија и печеме час и половина на 180 до 200 степени. Оладете го ролатот убаво и сечете тенки декоративни парчиња.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани