Испечати

Шарен солен ролат

Шарен солен ролат

Состојки

  • прв фил
  • 300гр свинско мелено месо
  • 100гр мисиркино пушено месо
  • 1 кромид
  • 1 јајце
  • 1 лажица лебни трошки
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1 лажичка мешан зачин,малку сецкан магданос,малку грашок
  • втор фил
  • 300гр пилешко мелено месо
  • 100гр пушено мисиркино месо
  • 100гр грашок
  • 1 кромид
  • 1 лажица буковец
  • 1 јајце
  • 1 лажица лебни трошки
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1 лажица мешан зачин
  • 2 јајца и еден варен морков

Подготовка

Декоративен брз ролат, вкусот ќе ги задоволи и најпробирливите.
Подготовка
1. Меленото свинско месо го замесуваме со сите зачини, јајца и презла. Мисиркиното месо и кромидот ги сецкаме во сецко и нив ги додаваме во смесата. Оваа смеса ја ставаме на почеток во силиконсиот делимано калап за векни. Врз смесата ставаме малку грашок. Јајцата кои ни се предходно варени и морковот ги ставаме врз оваа смеса (погледнетеги дополнителните фотографии).
2. Пилешкото месо го мелев во сецко користев замрзнати пилешки прсти. Мисиркиното пушено месо и кромидот исто ги мелев во сецко. Месото со сите зачини и грашок ги замесуваме во него го додаваме кромидот и мисиркино месо. Оваа смеса ја ставаме врз јајцата и морковот. Покриваме со фолија и печеме час и половина на 180 до 200 степени. Оладете го ролатот убаво и сечете тенки декоративни парчиња.
Добар апетит!!!