Чоколадна торта со црвено вино
Оделете ги жолчките и белките.
Путерот изматете го со шеќерот да се добие кремаста смеса и потоа додајте ги јајцата едно по едно и матете додека се изедначат. Потоа додајте ги какаото, циметот и меленото каранфилче.
Со постојано мешање додајте го виното и кога ке се изедначи смесата исклучете го миксерот. Додајте ја чоколадата и брашното измешано со пецивото. Измешајте ги со голема лажица или жица.
Белките изматете ги со прстофат сол, додајте ги во смесата и измешајте ги со лажицата.
Смесата истурете ја во намачкан со путер и набрашнет калап (26) и печете ја во загреана рерна на 150-160 степени околу 1 час или за сигурност проверете ја со чепкалка.
Печената торта оставете ја да излади, посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.
Лиценца: Сите права се задржани
Inaku Lili, taa novina ja nema veke, nemoze da se vidat pratenite i neobjaveni recepti....steta!
i ja sega vidov deka gi nema neobjavenite recepti, mozi ke se premislat i ke gi vratat :)))
Што се однесува до рецептот, ќе мора да се извиниме што објавивме речиси идентичен рецепт како рецептот на Клара http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D1%86%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE/
Ќе ве замолиме да ни ги испратите и вашите предлози како да ги решиме овие ситуации, бидејќи од една страна имаме проблем кога објавуваме многу сличен рецепт со веќе објавен, од друга страна имаме проблеми кога ќе одлучиме да не објавиме рецепт затоа што сметаме дека е речиси идентичен на веќе објавен. Сепак, колку и да се трудиме, и нашите одлуки се субјективни, бидејќи не можеме да ставиме компјутерски параметри кои ќе можат да ги разграничат нијансите.
Сите ваши предлози се добредојдени.
Ви благодариме,
МоиРецепти
Ovaa diskusija sto ovde se razvi e samo za da se najde soodveten nacin da ne se povtoruvaat isti recepti, a ureduvacite na stranata da ne mora da odbivaat recepti na korisnicite i so toa da se sozdavaat nesoglasuvanja....
Исто така, целта е да не имаме проблем со пораки и поплаки секојпат кога ќе одлучиме да објавиме некој малку различен рецепт; или да не објавиме рецепт кој според нас е ист. Значи, сега треба сите овде да се согласиме дека ако еден рецепт е различен барем во една состојка, или еден чекор во постапката - ќе биде објавен. Но, после тоа нема да одговараме на поплаки дека сме објавиле ист рецепт, а друг сме одбиле.
Многу фер е од страна на некои членки - во таков случај оставаат линк од нивниот рецепт под новиот, чисто да се остави на публиката да спореди, а и да се знае дека тие први објавиле таков рецепт. На нас оваа пракса ни изгледа многу соодветна и за понатаму.
Чекаме ваше одобрување за понатаму.
Vo odnos na skoro identicnite recepti, moe mislenje e slednovo....dokolku receptite se razlikuvaat makar i Po samo edna sostojka, treba i dvata recepti da gi ima na stranava, bidejki golema e razlikata pomegju "skoro identicen" i "identicen" recept.
За другиот предлог, и ние се трудиме да го следиме истиот принцип - но не секогаш е тоа прифатено од готвачите кои веќе имале објавен сличен рецепт.
Potpolno se soglasuvam so Albetina. Mi nedostiga moznosta da gi vidam pristignatite, a neobjaveni recepti od pricini koi taa veke gi napisa, ama i za da znam do kaj sum na listata na cekanje, zosto fakt e deka stranata stanuva se pofrekventna, sto e i cel, ne?
Minimalnite razliki vo sostojkite ili postapkata nekogas pravat krupna razlika vo rezultatot i toa ne treba da e pricina da ne se objavat. Megutoa, neka bidat zacuvani iminjata na receptite, oti smetam deka so dodavki se oteznuva prebaruvanjeto a se zgolemuva moznosta da se dupliraat receptite. Drugo prasanje e dali nekoi sekojdnevni, ednostavni recepti, ili idei samo treba da bidat posebno izdvoeni od drugite. Ovde veke vie treba toa da go razdvoite, pa bilo subjektivno ili objektivno, seedno.
I dosadna, sum, znam, ama neka proraboti "izmeni", zosto greski cesto se slucuvaat vo sostojkite ili vo podgotovkata, a so prepiska mu doaga kako rasipan telefon koregiranjeto. Osven toa, sekoja od nas, koga nekoj recept go pravi poveke pati, mozebi ke go izmeni vo nesto i so toa ke go podobri, pa dobro e da moze tie izmeni da se vnesat vo stariot recept. Da gi spomnam i najstarite recepti, vo koi ima navistina mnogu dobri, a kaj koi pri prefrlanjeto na serverot pred godina i nesto dojde do gubenje na sostojkite ili izmesan redosled sto za nekoj koj ne znae a saka da go podgotvi receptot moze da bide mnogu neprijatno iznenaduvanje.
I neka ni se vrati toa mestoto kade mozese da se diskutira "off topic", za da ne gi polnime receptite so komentari nepovrzani so receptot, zosto nekogas ke ima pod receptot pojasnuvanje okolu izrabotkata, a ne ke moze da se vidi od sporednite diskusii na druga tema.
Od mene tolku :)
За разликите, исто пишавме погоре.
За имињата - не секогаш и ние можеме да ги следиме, тоа останува на членките да бидат коректни и да проверат дали има веќе објавен таков рецепт со друго име.
За Измени, планирано е со новиот дизајн да го има, но и кога ќе го има, ќе биде со ограничено време на користење - за да не дојдат до промени во имиња, состојки и објаснувања кои може многу да го сменат рецептот - а ние да немаме увид. Не би сакале да ја спомнеме злоупотребата.
Ве молиме, за сите стари рецепти за кои ќе забележите некакви проблеми, да не известите - ќе ги корегираме.
За местото, ќе го ставиме и него на Листата на работи за правење. Сепак, има уште технички работи со новата страница кои се работат во позадина, иако за вас се можеби неприметни :)
I iako sum knap so vreme, bi sakala da ve potsetam na kopceto izmeni, a pokasno ke se vratam da se nadopolnam ako imam nekoi drugi predlozi :)
За Измени пишавме кај Лили.
И кога не се пишува кирилица на рецептите, автоматски се менува фонтот.
Се надеваме дека тоа ќе успееме да го направиме наскоро.
Невена, за жал твојот рецепт го претворивме во форуми ние би требало да ти се извиниме тука. Кога сме кај сличните рецепти и да се изразам повторувањата на некој начин, ќе кажам дека треба уредниците да одредан едно цврсто правило кое ќе важи за СИТЕ без исклучоци. Во поголем случај грешките настануваат со тоа што постарите рецепти ја губат својата промотивност, а мора да признаеме дека рецепти се мноооогу на број на сајтов, така да не можи секој сите да ги запомни ако некој постар рецепт не го погодил моментот за интерес. Би било добро да се пронајди начин за нивно репромовирање. Знам дека тоа се врши на некој начин во делот „можи да ве интересира и“ но опцијата е базирана како сум приметила на попресните 4 рецепти и таговите под кои се запишале, макар и немале толку допирни точки на темата со дотичниот нов рецепт. Затоа и сугерирав слични рецепти да си стојат со имињата како се пратиле иако се исти, за да можи секој кој пребарува да види се во врска со таквата верзија на рецепт.
Уште едно дополнување со мое мислење како предлог. Убаво е да се има повеќе верзии на ист рецепт и да не се ограничува тоа, но ако верзијата е во измени по кои составот не трпи некои промени, како соодносот е изменет во размер само а сепак е ист на состојките или во тесто имало во едниот лажичка а во другиот лажичка плус шеќер, сметам дека тоа е само копирање. Сето ова ме тера на заклучок да се запрашам-кој, колку испробува рецепти овде и кој сака да „штампа“ само на свое име, чекајќи само да помини рецептот кој го направил или намерувал да го прави и потоа да го постира на свој профил, а не како слика на испробан рецепт во коментар. Работите се комплицираат, ние даваме сугестии, а уредниците се должни финално и неотповикливо да ги постават критериумите. За крај на „лектирава“ би замолила критериумите за поставување рецепт да ги напишат во инфо делот на сајтот. Така со тоа и оние членови кои покасно ќе доаѓаат ќе имаат прилика навремено да бидат запознаени со правилата и пораките за прашања и поплаки со тоа сметам дека ќе се минимализираат кон вас.
Таму се наведени можностите.
Затоа што ова во голема мера го правиме од љубов и желба за промовирање на македонската кујна, а не од должност.
Свесно одлучивме оваа дискусија да ја започнеме на рецептот на Невена, бидејќи таа е се' што не е наведено во твојот коментар како причина за "копирање и штанцање " на рецепти.
Ќе поставиме во кус рок критериуми, кои секако дека ќе се менуваат ако одлучиме. Сепак, и тогаш ќе важи она што го рековме погоре - не се компјутери, туку луѓе ги проверуваат рецептите... Секогаш е можно да згрешиме.
Како и да е, овде се знае кој ги поставува правилата и кој сака -учествува, на кој не му чини не мора-тоа е факт и претпоставувам дека треба да е конечен заклучок за сите нас.
Така е, истото го кажуваме за Невена, само на различен начин - и во право си за разбирањето на поентата кога е писмено :)
Во врска со другиот дел од твојот коментар - станува збор за можност и неможност, не за кој какви сака да бидат правилата.
За жал, латиница нема заради немањето навика да се користи кирилица :-)
Прво и најважно ... Невенче, рецептот е одличен, многу ми се допадна :)
Е сега околу правилата отприлика се согласувам за се она што Клара го кажа. Искрено си признавам дека некогаш се случува и да не побарам дали има рецепт сличен или ист на оној што го праќам, но доколку не се објави и добијам податок дека веќе има тогаш е во ред, нема лутење нормално. Имам забележано исти рецепти со разлика во количините, дали биле 2 или 3 јајца рецептот е тој само кој како си го има запишано. Под истиот рецепт може да се коментира (како што и всушност повеќето правиме) дека го имаме истиот рецепт само ете место место ванила користиме рум (најопшто да се изразам :)))
На крај сепак сметам дека вие како тим треба да пресечете и да си поставите точно одредени правила што и како, па сега на кого му се допаѓа во ред, на кого не тоа е тоа. Има една позната мисла "If you try to please everyone, you'll fail" (малку филозофија за крај :))))
Многу сме тука, а уште повеќе се оние кои следат преку социјалните мрежи, не може на сите да им се угоди.
Невенче се извинувам и јас што рецептот го претворивме во општа дебата :)
А што се однесува до правилата за исти рецепти, се сложувам дека треба да има јасни правила кои ќе бидат истакнати на сајтот и ќе важат за сите.
Поздрав :)
А за новите членови, одвојуваме многу време да им објасниме во пораки.
Се надеваме дека овде ги опфативме сите ситуации.
Ве гушкаме!
Nekade procitav za toa deka pri povlekuvaweto otkako go ispratime receptot se pomestuvaat ili propusta del od sostjkite... eve da kazam deka seuste onaa moja Eklerova torta e skroz neuredna, nikoj ne ja napravi i nema kako... pa ne bi mozel da se snajde, a ne zasluzuva taa torta da stoi taka vo kosot, neupotrebliv e receptot..
Не би ставале повеќе, да не ви одзема премногу време за закачување на рецептот, па да се случи воопшто да не пристигне :)
I ne mi ja uskaratuvajte moznosta da pisuvam na latinica, i onaka 99% od slucai nemam pojma kako nesto da napisam na Makedonski (ne deka ne si go znam jazikot), tuku zosto ednostavno ogranicuvanja postojat... Veke ne znam koj pogore nepisa, ama imeto na nekoj recept, nekoja sostojka, ili nacin na podgotovka nuzno e da bidat napisani na latinica za da bidat razbrani.... Sepak, i za onie koi si ja pocituvaat sopstvenata azbuka, i za mene, mozebi vo malcinstvo, koja ja pocituvam secija, treba da ima nacin....
Vo komentari, mene licno, mi e seedno dali ke pisuvam latinica ili kirilica, no barem ete taa funkcija so kopiranje na tekstot na latinica i stavanje na istiot vo receptot, da funkcionira besprekorno. Kako sto kaza Lili ponekogas e od golema pomos, posebno za onie koi go citaat receptot, da sfatat za sto konkretno se raboti (sostojka ili nacin na podgotovka).
Koga veke svoeto tolku go sakas, Tome Arsovski sigurno si go citala.... Vo Paradoksot na Diogen vaka pisuva: "izbegajte poskoro od zatvorot na svoeto Jas, oddeletete se makar i na cekor od sebe si. I ke vidite.... Vo grmuskite, osven trnje ima i Rozi...."
Во интерес на поефикасно отстранување на грешките, ве молиме пишете ни ги (во порака) сите грешки кои сте ги увиделе откако е променет форматот на моирецепти.мк.
Ќе разгледаме и можност за копирање на латиничен текст - бидејќи, верувајте, премногу проблеми имавме кога не беше автоматско претварањето на кирилица и не би можеле да ја вратиме таа можност.
Ви благодариме на сите на трпението, и бескрајна благодарност на помошта што ни ја давате со овие ваши коментари. Така навистина можеме заеднички да ја градиме МоиРецепти, што е наша примарна цел.
Na ovaa strana cesto doagjam, mozebi ne tolku kolku sto bi sakala, sepak site nie imame svoj zivot, no sekogas doagjam so zadovolstvo. Gi pozdravuvam site od timot na Moi recepti, i samo neka prodolzat taka...
Najmnogu od se sto mi preci e sto treba da cekam da se objavi receptot. Ne se mesam vo ureduvackata politika, ama mene, iskreno kazuvam, toa mi preci... Pisuva deka ako ne izleze vo odreden rok, da go kontaktirame timot, ama navistina ne sakam nekogas da sum dosadna, pa ispagja deka se zalam, pa ne znam sto... ubedena sum, deka podobro ke bide receptot da si izleze vednas stom go pustis...
Mi se dopagja toa sto receptot se pisuva na kirilicna poddrska, ama mislam deka nema potreba da barame i komentarite da bidat so istata, ne go gledam tuka problemot, toa e moeto razmisluvanje... ponekogas vo isto vreme pisuvam na nekolku raznorazni stranici, pa ako menuvam mislam deka ke mi se smaci...
Se slozuvam so Lile, sakam i kopce za promena, za popravki, sepak jas stojam zad receptot, abe sto da vi recam, sakam uste mnogu raboti, amaaa... vo sekoj slucaj sakam ova site da go cuvstvuvame kako mesto za uzivanje :)))
Na krajot, a trebase da bide na pocetokot, Nevena... receptot ti e za petka :)
А ние веќе ја направивме можноста да си ги видите пристигнатите рецепти во својот профил, уште пред да бидат објавени. Ве молиме сите што имате испратени (а необјавени) рецепти, да проверите и да ни јавите дали е во ред.
Тоа е за сега можното решение, бидејќи некои рецепти навистина не може да се објават автоматски. Има рецепти кои се непотполни, кои може да немаат фотографија, или таа не е видлива, да нема состојки и слично.
Покрај тоа, се трудиме и колку што можеме да корегираме печатни грешки кои се очигледни, тоа се прави рачно, а со цел да имаме што поквалитетна содржина.
Во однос на пишувањето на наслов на рецептот на латиница ... мене ми успеа сега скоро за тортата. Не мора само во word да се пишува, може да го напишете името било каде и само copy-paste до кириличниот наслов.