Лесна, вкусна и декоративна торта, спремна за неколку минути.
Овошје кое може да ви користи - Јагоди, Малини, Капини,Аронија, Боровинки...
Најпрво го подготвуваме мармаладот.
Се вари овошјето на оган досека не испари водата и згусне.
Доколку имате специјален шеќер за желе или мармалад уште поубаво, ставете од него.
Јас ставив соема малку бидејки треба да биде покисел или крсат мармаладот.
Откако ке добие убаво густина се остава да олади.
Потоа може да се помине низ цедалка доколку несакате зрнца од овошјето.
Се подготвува тестото
Се матат јајцата и шеќерот убаво додека не побелат и станат како шлаг. Потоа се додава брашното, просеано претходно, малку по малку и се меша со лажица ,не со миксер. Се става во помал и подлабок калап околу 16 или 18цм преходно премачкан со путер и брашно. Се пече на околу 200 степени. Со помош на дрвена чепкалка се проверува одвреме на време дали е печено.
Се подготвува филот
Се мати павлаката додека не стане цврст крем и се додава маскарпонето и медот. Убаво се матат и се додава мармаладот.
Доколку не ви е доволно благ може и малку шеќер да се додаде.
Откако убаво ќе се олади пандишпанот се сече на четри дела.
Се става тесто, мармалад, фил на сите три кори. Четврата последна се става само фил.
Се израмнува убаво од страните и декорира по желба.
Јас ја декорирав со цветови од марципан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови