Чоколадна торта со црвено вино
Состојки
- 4 јајца
- 250 гр путер омекнат на собна температура
- 250 гр шеќер
- 250 гр брашно
- 150 мл црвено вино
- 150 гр рендана чоколада за готвење
- 1 лажиче цимет
- 1/2 лажиче мелено каранфилче
- 1 прашак за пециво
- 1 полна лажица какао
Подготовка
Оделете ги жолчките и белките.
Путерот изматете го со шеќерот да се добие кремаста смеса и потоа додајте ги јајцата едно по едно и матете додека се изедначат. Потоа додајте ги какаото, циметот и меленото каранфилче.
Со постојано мешање додајте го виното и кога ке се изедначи смесата исклучете го миксерот. Додајте ја чоколадата и брашното измешано со пецивото. Измешајте ги со голема лажица или жица.
Белките изматете ги со прстофат сол, додајте ги во смесата и измешајте ги со лажицата.
Смесата истурете ја во намачкан со путер и набрашнет калап (26) и печете ја во загреана рерна на 150-160 степени околу 1 час или за сигурност проверете ја со чепкалка.
Печената торта оставете ја да излади, посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.