Чоколадна торта со нутела
1. Во сад се матат путерот и шеќерот. Се додаваат жолчките и се продолжува со матењето. На страна на пареа се топи чоколадото и тоа се додава во садот. Го додаваме какаото, ванилата и матиме, потоа ја додаваме течната слатка павлака и продолжуваме со матење. Во садот го додаваме брашното помешано со пецивото и се продолжува со матењето.
2. На страна се матат белките со малку сол во цврст снег и се додаваат во смесата.
Лесно се се промешува и се става во намастена и побрашнета тава и се пече на 180 Ц. 30-35 мин. Готовото тесто се остава да се излади и се преполовува.
3. Подготовка на кремот* Во сад се мати крем сирењето со шеќерот во прав, се додава нутелата и уште малку се мати. Ги додаваме мелените лешници, мелените наполитанки и се добро се меша.
4. Кремот го истураме врз првата кора и малку оставаме за одозгора. Врз кремот ја ставаме и втората кора и со остатокот од кремот ја премачкуваме.
5. Го матиме шлагот и со него ја украсуваме тортата, а за декорација ставаме одозгора лешници.
Сите мои омилени состојки спакувани во една мнооогу вкусна и кремаста тортичка.
Спој на чоколадо,лешници и нутела...мммм за мене од секогаш била добитна комбинација.
Не јадам и не правам често торти само кога имам некој посебен повод како денешниот на пример )))
Уживајте!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Odlicna torta !! :)))
И Среќен роденден,да ти се множат!!!
Нека ти е среќен роденденот,
од срце, тимот на МоиРецепти
So site vas rodendenot mi e uste poubav i posreken!!:))
I ajde sega site zaedno kaj mene na torta:)))
Jas tortata ke ja preskocam, ama kafe mozi :))))
http://www.youtube.com/watch?v=XxaR7Ybpmpg&feature=related
Многу убава торта си направила. Најголемото парче го сакам за мене :)))
Натали, како гледам, иако јас и ти касниме, точно на време сме за честитките ;)
Odam sega rucekot da go dovrsam zosto gostite ke dojdat pa da ne nacekaat prazni cinii samo so salfetki vrz niv :)))..Fala ti mnooogu od srce!! <3<3
za tortata da ne zboruvam epten e mmmmmmmm..............
Драга Маја, тимот на МоиРецепти ти го честита роденденот (уште еднаш) и ти посакува се' најубаво и уште многу многу вкусни рецепти :)
Sekoe dobro vi posakuvam i jas na vas :)) a recepti.. eeee niv ke gi ima sigurno uste mnoogu mnoguu na ovaa nasa omilena strana:)