Фереро роше торта (со Нутела)
Најпрво подгответе го филот.
Шлагот изматете го со млекото во цврст снег, потоа додадете ги маскрапонето, нутелата, наполитанките и лешниците и изматете ги убаво да се изедначи.
Филот ставете го во фрижидер и подгответе ја кората.
На пареа ставете ги чоколадата и путерот да се стопат.
Одделете ги белките и жолчките.
Белките со прстофат сол изматете ги и оставете ги на страна.
Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата да се добие светла кремаста смеса, потоа додадете ги путерот и чоколадата и продолжете со матењето да се соединат. Додадете ги брашното, лешниците и пецивото и со жица измешајте ги.
Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет плех израмнете ја и печете на 180 степени околу 15 мин.
Оладената кора исечете ја вертикално на 3 ленти. Се попрскуваат со млекото измешано со несквик и се филоваат со филот.
Тортата се украсува по желба, со чоколадо, шлаг, лешници или сл.
Лиценца: Сите права се задржани
bese napravena po ovoj recept,so tri kori vo golemina na pleh i duplo fil a rackata od polovina doza na Saher tortata ispecena vo pravoagolno plehce...kon sredinata i cosovite zaobleno se zasekuva i posle so dekoracijata si doaga sama po sebe :)) ja kolku sto mozev e potdoterav:))
Оваа година се помина со „поскромно„ ама изгледа годинашниот ќе е баш овој состав и овој лик :) До есен, повторно со слика од оригиналот овде ;)