Фереро роше торта (со Нутела)

Состојки
- Кора
 - 4 јајца
 - 100 гр шеќер
 - 100 гр чоколада за готвење
 - 110 гр путер
 - 50 гр потпечени мелени лешници
 - 100 гр брашно
 - 1 ванилин шеќер
 - 1 прашок за пециво
 - Фил
 - 300 гр нутела
 - 200 мл ладно млеко
 - 250 гр маскарпоне
 - 2 кесички(80гр) шлаг
 - 150 гр мелени лешник наполитанки
 - 100 гр потпечени мелени лешници
 - За прскање на кората
 - 140 мл млеко
 - 1 лажица несквик какао
 
Подготовка
Најпрво подгответе го филот.
 Шлагот изматете го со млекото во цврст снег, потоа додадете ги маскрапонето, нутелата, наполитанките и лешниците и изматете ги убаво да се изедначи.
 Филот ставете го во фрижидер и подгответе ја кората.
На пареа ставете ги чоколадата и путерот да се стопат.
 Одделете ги белките и жолчките.
 Белките со прстофат сол изматете ги и оставете ги на страна.
 Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата да се добие светла кремаста смеса, потоа додадете ги путерот и чоколадата и продолжете со матењето да се соединат. Додадете ги брашното, лешниците и пецивото и со жица измешајте ги.
 Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет плех израмнете ја и печете на 180 степени околу 15 мин.
 Оладената кора исечете ја вертикално на 3 ленти. Се попрскуваат со млекото измешано со несквик и се филоваат со филот.
 Тортата се украсува по желба, со чоколадо, шлаг, лешници или сл.