Испечати

Чоколадна торта со нутела

Чоколадна торта со нутела

Состојки

  • Тесто*
  • 100 гр. путер
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 4 јајца
  • 150 гр. стопено чоколадо
  • 1 лажица какао
  • 1 ванила
  • 100 гр. брашно
  • 1/2 пециво
  • 100 мл. слатка павлака
  • Фил*
  • 400 гр. крем сирење
  • 400 гр. нутела или друг крем
  • 200 гр. мелени лешници
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 10 мелени наполитанки
  • За украсување*
  • 2 кесички шлаг
  • 50 гр. лешници

Подготовка

1. Во сад се матат путерот и шеќерот. Се додаваат жолчките и се продолжува со матењето. На страна на пареа се топи чоколадото и тоа се додава во садот. Го додаваме какаото, ванилата и матиме, потоа ја додаваме течната слатка павлака и продолжуваме со матење. Во садот го додаваме брашното помешано со пецивото и се продолжува со матењето.
2. На страна се матат белките со малку сол во цврст снег и се додаваат во смесата.
Лесно се се промешува и се става во намастена и побрашнета тава и се пече на 180 Ц. 30-35 мин. Готовото тесто се остава да се излади и се преполовува.
3. Подготовка на кремот* Во сад се мати крем сирењето со шеќерот во прав, се додава нутелата и уште малку се мати. Ги додаваме мелените лешници, мелените наполитанки и се добро се меша.
4. Кремот го истураме врз првата кора и малку оставаме за одозгора. Врз кремот ја ставаме и втората кора и со остатокот од кремот ја премачкуваме.
5. Го матиме шлагот и со него ја украсуваме тортата, а за декорација ставаме одозгора лешници.

Сите мои омилени состојки спакувани во една мнооогу вкусна и кремаста тортичка.
Спој на чоколадо,лешници и нутела...мммм за мене од секогаш била добитна комбинација.
Не јадам и не правам често торти само кога имам некој посебен повод како денешниот на пример )))
Уживајте!!!