Чоколадна торта со вишни и нутела (јубилеен 400 рецепт)
Драги мои полека стаса мојот 400-ти рецепт, заедно со роденденот на керка ми. Ке ве почастам со прекрасна чоколадна торта во која вложив многу труд и љубов. Сакам да ги поздравам сите другарки со кои се запознав на страната на мои рецепти. Многу ми е мило и убаво што знам такви прекрасни личности како вас. Голем поздрав до мои рецепти, мило ми е што постои страна како вашата за наши креации.
Подготовка:
За пандишпан
1. Печеме пет пандишпани, со три јајца, три лажици шекер и по една лажица, ореви и брашно.
Три јајца делиме на белки и жолчки . Белките ги матиме со три лажици шекер, додаваме жолчки, брашно, какао, ореви и пециво. Се убаво мешаме со дрвена лажица. Печеме во тава бр.26, 15 минути на температура од 200 степени.
За фил:
2. Половина од млекото ставете да зоврие, а во другата половина ставете пудинг и шеќер. Промешајте да се раствори шеќерот и мешајте додека не згусне. Ставете чоколадо за готвење, за да се стопи. Оставете да истине. Вишните посипете ги со шеќер и додајте вода да ги покрие. Ставете да се варат. Во малце вода растворете густин, истурете го во вишните и мешајте додека не згусне. Оставете да истине.
3. Потпечете малку ореви. Изматете путер со кондензирано млеко, додајте од изладениот пудинг и се убаво изматете. Исецкајте ги оревите и додајте ги во филот.
4. Собираме торта. Секоја кора ја мачкаме со нутела. Вишните се ставаат само врз првата кора. Останати кори се без вишни. Првата кора премачкајте ја со нутела, ставете фил, врз филот вишни, па следната кора. Пак премачкајте со нутела, ставете фил и следната кора. Така намачкајте ги сите кори.
Оставете ја тортата во фрижидер. Украсете ја со хопла.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Нека е среќен роденденот на ќерката и честито јубилеј, се најубаво :)
Секој твој рецепт е прекрасен, како и за оваа вкусотија!
Честитам на роденденката, среќна е со ваква торта ❤
Те поздравувам :-)
Најпрво честитки за прекрасниот јубилеј, кој секако е резултат на многу љубов и посветеност. Истовремено е и убав поводот (роденденот на вашата ќерка) за споделување на вака вкусен рецепт. Мора да признаеме дека веднаш бевме инспирирани да го направиме. Превкусен - е заедничката оцена на сите во тимот на Мои Рецепти.
Ти благодариме од сè срце за твојата посветеност и пасија за готвење и споделување на рецепти на оваа страна со што придонесуваш кон нејзино континуирано збогатување со содржини. Токму затоа, по повод овој јубилеј, сакаме да ти подариме тави од колекцијата на Delimano, Green Planet, во вредност од 3.000 денари.
Се надеваме дека овој наш подарок ќе најде одлична примена во твојата кујна и дека ќе го искористиш максимално.
Тимот на Мои Рецепти