Чоколадна торта со вишни и нутела (јубилеен 400 рецепт)
Состојки
- За пандишпан
- 15 Јајца
- 15 лажици Шекер
- 5 лажици Какао
- 5 лажици Мелени ореви
- 1 Пециво
- За фил
- 1600 мл. Млеко
- 4 Пудинг од чоколадо
- 10 лажици Шекер
- 1 конзерва Кондензирано засладено млеко
- 200 гр Ореви
- 400 гр Нутела
- 300 гр Вишни
- 2 лажички Густин
- 4 лажици Шекер
- 250 гр Путер
- 5 лажици Брашно
Подготовка
Драги мои полека стаса мојот 400-ти рецепт, заедно со роденденот на керка ми. Ке ве почастам со прекрасна чоколадна торта во која вложив многу труд и љубов. Сакам да ги поздравам сите другарки со кои се запознав на страната на мои рецепти. Многу ми е мило и убаво што знам такви прекрасни личности како вас. Голем поздрав до мои рецепти, мило ми е што постои страна како вашата за наши креации.
Подготовка:
За пандишпан
1. Печеме пет пандишпани, со три јајца, три лажици шекер и по една лажица, ореви и брашно.
Три јајца делиме на белки и жолчки . Белките ги матиме со три лажици шекер, додаваме жолчки, брашно, какао, ореви и пециво. Се убаво мешаме со дрвена лажица. Печеме во тава бр.26, 15 минути на температура од 200 степени.
За фил:
2. Половина од млекото ставете да зоврие, а во другата половина ставете пудинг и шеќер. Промешајте да се раствори шеќерот и мешајте додека не згусне. Ставете чоколадо за готвење, за да се стопи. Оставете да истине. Вишните посипете ги со шеќер и додајте вода да ги покрие. Ставете да се варат. Во малце вода растворете густин, истурете го во вишните и мешајте додека не згусне. Оставете да истине.
3. Потпечете малку ореви. Изматете путер со кондензирано млеко, додајте од изладениот пудинг и се убаво изматете. Исецкајте ги оревите и додајте ги во филот.
4. Собираме торта. Секоја кора ја мачкаме со нутела. Вишните се ставаат само врз првата кора. Останати кори се без вишни. Првата кора премачкајте ја со нутела, ставете фил, врз филот вишни, па следната кора. Пак премачкајте со нутела, ставете фил и следната кора. Така намачкајте ги сите кори.
Оставете ја тортата во фрижидер. Украсете ја со хопла.
Добар апетит!