Не се сеќавам дали воопшто како мала сум ја пробала оваа популарна класика која оваа година гледам повторно е често правен десерт. Значи, за мене е прв пат. Решив дека е редно и јас да ја пробам, но како со тек на време се вршеле варијации, оригиналниот рецепт е оној кој е најтраган. Така, пред неколку месеци мојата пријателка Рози го сподели рецептот од нејзиниот кувар книга „Мој кувар и советник“ издаден некогашната 1952, што значи уште пред моето време, па претпоставувам дека овде го доловуваме оригиналот на Кралицата на тортите.
Би ви ја препорачала оваа торта во зима заради јајцата во филот, но не би се осмелила сепак. Верувајте, толку е вкусна што прашање е дали ќе прележи една ноќ во фрижидерот.
Во прилог на горенапишаното, вложениот труд, внимание и скокотлива радост додека ја спремав, која се опавда со секој залак, се решив јубилејната бројка да ја одбележам баш со неа, посебно дека рецептот датира од многу одамна кога веројатно е блиску ако не и оригиналот.
Сето ова ќе го споредам со задоволството и радоста што сиве овие години сум дел од ова место со прекрасни рецепти, дружби, другарувања и баш такво скокотливо задоволство со секој објавен рецепт кој пружа задоволство доколку е прифатен, пробан, забележан... Нашето катче Мои Рецепти е местото каде стануваме покреативни и посмели во кујната, местото со најмногу рецепти, местото кое секогаш ќе се листа за идеја за готвење, местото во кое сум дел и јас и еве денес ја славиме јубилејнната бројка на споделени рецепти со многу внимание, време и љубов. Нека трае уште долго, долго, нека се нижат рецептите, дружбата и убавите моменти. Да сте ми живи, здрави и убави!

Подготовка

1. Изматете ги белките со прстофат сол.
Во друг сад изматете ги кремасто и густо жолчките и шеќерот.
Потоа додадете ги брашното и мелените бадеми миксирајќи со најмалата брзина на миксерот и на крај, рачно измешајте го снегот од белките.

2. Ставете ја тортата во калап бр 26 претходно намрсен и посипан со брашно и печете на 160С околу половина час (проверете со чечкалица)

3. Млекото со шеќерот и оревите ставете го на средна температура на рингла и мешајте додека не испуштат арома оревите. Потоа тргнете го на страна да се лади.
Посебно изматете ги жолчките со шеќерот до убава крем структура и измешајте ги со оладените ореви (тука е постапката опишана со живи жолчки, но ако стравувате дека не ви се свежи јајцата, тогаш слободно изматете ги на пареа).

4. Во филот додадете ја кората и сокот од портокалот и стопеното чоколадо за готвење.
Посебно изматете го маслацот/путерот и додадете го во филот.
Со овој фил се премачкува кексот одозгора.

5. Водата и шеќерот за шамот ставете ги да вријат малку погусто отколку за слатко.
Во меѓувреме започнете да ги матите белките. Кога ќе станат снег и шербетот ја достигнал густината, така врел пополека со матење додавајте го во снегот од белки, при што претходно садот ќе го сместите врз друг сад и ќе го работите овој процес на пареа. Кога ќе го дотурите шербетот, тргнете го садот од пареа и матете додека шамот не олади.

6. Со него премачкајте врз филот со ореви и украсете со свежи или зашаќерено овошје, перли или било што по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови