6те јајца се матат со 6 лажици шеќер. Одделно се мешаат брашното, 7 лажици мелени ореви и изрендана кора од 1 лимон. Кога убаво ќе се промеша се додава на претходно изматените јајца. Тестото ставете го овален или правоаголен сад, зависно каква форма сакате да биде тортата, така што тестото да биде во висина од 3-4 цм. 

Додека тестото се пече може да го подготвите филот. На пареа се матат 5 жолчки со 5 лажици шеќер во прав. Откако убаво ќе се изматат се тргаат од оган и се оставаат малку да се оладат. Дополнително се подготвуваат 250гр мелени ореви кои се попаруваат со 50-100 мл млеко. Млекото засладете го со 3-4 лажици шеќер. На страна пенесто изматете го маргаринот со 150 гр шеќер во прав. Во изладените жолчки додадете ги попарените ореви и претходно изматениот маргарин и убаво промешајте за да се изедначи филот. Додадете и сок и рендана кора од 1 портокал и повторно убаво промешајте. 

Откако испеченото тесто убаво ќе се олади премачкајте го со филот одозгора, но и од страните. На крај декорирајте ја по ваша желба, зависно од пригодата.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови