Чоколадна милка кремаста торта (јубилеен 400-ти рецепт)
Неполни 2 години сум дел од фамилијата наречена Мои Рецепти, страна која и пред тоа беше дел од моето секојдневие, како читател на прекрасните споделени рецепти, а сега како дел од готвачите на оваа страна, каде со голема љубов и задоволство учествувам во креирањето на рецепти од мојата кујна, за кои се надевам дека на поширокиот дел од читателите им се допаѓаат. Ние дома обожаваме кремасти торти, па затоа и се одлучив за овој мој Јубилеен 400-ти рецепт да направам комбинација од состојки по мој избор. Така настана оваа Милка торта која е мека, сочна и кремаста, и верувам дека особено љубителите на кремасти торти нема да ги остави рамнодушни. Тортата буквално се топи во уста, а се приготвува многу лесно.
Подготовка
1. Прво започнуваме со подготовка на 3-те вида на крем, кои се подготвуваат на истиот начин. Во помало тенџере ја ставаме слатката павлака да се загрее, па го додаваме чоколадото искршено на коцкички и мешаме, додека целосно да се растопи (внимаваме да не зоврие слатката павлака). Тргаме настрана, покриваме со стреч фолија, нека олади на собна температура, па во фрижидер. Овој дел со ладењето на кремовите може да го направите и претходниот ден, па дента само да измиксирате.
2. Подготовка на пандишпанот.
Во сад за матење ги ставаме јајцата и миксираме до згуснување со постепено додавање на шеќерот. Потоа ги додаваме маслото и млекото, соединуваме. На крај се додаваат сувите состојки (претходно соединети и просеани). Промешуваме полека со шпатула до соединување.
3. Во тавче број 24, формата кај мене е како срце (со обрач кој се вади) ставаме хартија за печење, па ја истураме смесата за пандишпан. Печеме во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица, јас печев околу 15-20 минути). Врз испечениот пандишпан ставаме насекаде од топлото чоколадно млеко. Оставаме да се олади пандишпанот.
4. Потоа врз оладениот пандишпан се става прво кремот со црно чоколадо, рамниме убаво, па кремот со чоколадото со топен лешник, па на крај кремот со бело чоколадо. Декорираме по желба. Оставаме во фрижидер 1-2 часа, па послужуваме. До следно послужување тортата се чува во фрижидер.
Забелешка - Кога ќе ги нанесувате 3-те вида на крем, помеѓу секое нанесување може на 5-10 минути да ја ставите тортата во замрзнувач, за да не ви се измешаат кремовите.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Neka se nizat uste recepti od tvojata kujna
So ubava torta ste se pocestite.
Znam deka e vkusna, bidejki mojata mileniumska torta bese slicna vo podgotovkata, samo sto imav ne pecena osnova.
Poz uzivaj vo tvojot den
Поздрав и до тебе.
Да ти се множат прекрасните рецепти :-)
Најпрво честитки за јубилејот.
Од се срце ти благодариме за неуморниот ангажман и посветеност во креирањето на прекрасни рецепти, со што нашата страна добива на квалитет. И како што самата велиш: Готвам со љубов за моите најмили. Таа љубов ја чусвтуваат сите членови на Мои Рецепти.
Како начин да ти се заблагодариме за твојот континуиран труд, по повод овој прекрасен јубилеј, ти подаруваме Сет за печење од 9 парчиња, за кој сме повеќе од сигурни, дека ќе го искористиш во подготовка на вкусни и несекојдневни рецепти за твоето семејство.
Ти посакуваме уште многу рецепти и уште повеќе јубилеи!
Тимот на МоиРецепти
Од срце ви се заблагодарувам за подарокот, за кој можам да кажам дека сте направиле убав избор по мој вкус :)
Бидете и повеќе од сигурни дека совршено ќе се вклопи во мојата кујна, и дека максимално ќе го употребам :) во Готвењето со љубов за моите најмили.
Ви посакувам се најубаво, имајте убав ден, поздрав од мене до целиот тим.
честитки за јубилејот и за прекрасната награда. нека се множат!