Торта од грав (1.400 јубилеен рецепт)
И самата се изненадив за мојата одлука да ова биде мојот Јубилеен 1400-ти рецепт бидејки ми е некако необично... различно од тоа што сум поставувала како јубилејни рецепти - па и не толку кога ке подразмислам, ги сакам различностите во ваквите делиции, па си велам - А што да не?
Значи пријателки мои - голем поздрав за сите вас, поздрав за екипата на Мои Рецепти... поклон пред сите вас.. останувам без текст понатаму што да напишам, а притоа да не се повторувам.. И нема да ја должам, да сме живи и здрави, да се дружиме, да се почитуваме и надополнуваме со нашите умешности во кујната пишувајки овде рецепти .
Благодарност за вашата дружба драги мои!
ПОСТАПКА
- Сварете го гравот, испасирајте да не останат лушпи, оставете да се лади. Препорачувам да биде грав Тетовец.
- Одделете ги жолчките од белките
- Белките сматете во цврст снег.
- Со миксер разматете ги пенесто жолчките и шеќерот со кој малку повеќе ќе поработите за да се стопи шеќерот. При крајот додадете ја ренданата кора и сокот од лимонот. Миксирајте кратко време. Откако се изматиле жолчките, додадете го во нив гравот. Сега продолжувате да работите само со лажица или шпатула. Избркајте го кратко гравот во изматените жолчки, додадете ги измешаните брашно, лебни трошки и пецивото, лажица по лажица ставате од сматената белка. Измешајте добро, истурете во модла на одкопчување број 22 која сте ја подмачкале и побрашниле или едноставно послале хартија за печење. Ставете да се пече на 140 степени претходно загреана рерна околу 30-35 мин. (зависи од рерната). Тестото не како другите пандишпани, тоа е влажно и внимавајте да навистина биде испечено - а не препечено. Кога е веќе готово, извадете ја модлата, нека одстои 10-ина минутки, одкопчајте ја модлата, оставете ја заедно со хартијата од дното на жица да се олади потполно. Така полесно ќе ја исечете бидејки поинаку се однесува од останатите кори. Напоменав дека ова е влажна кора. Јас ја оставам за филување до наредниот ден.
По количината на состојките и висината на самата кора јас успевам да ја исечам само на две кори - односно на половина, ако некој сака поголема висина ќе мора да ги зголемува количините на состојките. Значи ќе ја исечете на половина.
ФИЛОВИ
Напишав две варијанти на филови за ваков тип на торти. Веднаш да кажам дека го правев филот на оваа торта која ја гледате на фотографијата по втората варијанта бидејки имав состојки по дома за него.
ФИЛ - Прва варијанта
- Изматете ја павлаката заедно со шеќерот во прав и ванилата. Овде може да додадете ореви, чоколада, банана. Јас ништо не би ставила освен рендана кора од лимон.Филувајте ја првата кора - поклопете со втората - премачкајте ја одозгора, Декорирајте по ваш избор. Ред е да кажам дека јас ги ставив трошките од самата кора кои ги направив при пресечувањето. Ги ставив во сецкото и заедно со оревите ги сомлев и направив посип - толку.
ФИЛ - Втора варијанта (овој фил е на тората)
- Се одмерува млекото, се одзема дел од истото, а остатокот заедно со шеќерот и ванилата го ставаме на оган да се загрее. Во одземеното млеко го раствараме брашното, го тргаме тенџерото веќе зовриеното млеко на страна, го додаваме брашното, враќаме на шпоретот и оставиме да се свари (исто како пудинг). Се трга на страна и се остава да се олади. Додека се лади, со миксер изработете го путерот, во него ставете оладениот фил и измешајте добро. Понатаму знаете - филувате.
Е ова е приказната за оваа прекраснотија, ги послужив гостите - молчам - им се бендиса многу и само една гостинка реагираше и рече:
- А па ова со костени си го правела - сепак не препозна, сакам да кажам дека воопшто не се забележува дека е главната состојка грав.
Кога пишувам за гравот, треба да кажам дека може да се прави и од шарениот грав заради кое нешто кората добива навистина интересна боја. Тогаш правам крем фил во кој додавам или какао или чоколада, но и ореви.
Уживајте во различностите на вкусовите....
Лиценца: Сите права се задржани
I tortava da, neobicna e,ama odlicno prezentirana i mami edno podolgo mmmmhmmm:)
Невообичаена торта, ама вкусно делува по состав! Да се множат само убавини :-)
Мојот коментар е без коментар, совршенство без мана!
Да се множат уште и уште!
Поздрав и секое добро Лилјана!
A kosten A grav.... Ubavo za promena
I pokraj problemot koj nastana na stranava.... Sepak sme tuka Se nadevam
Pozzz
честитки за твојот труд овде.Секој рецепт од убав по убав.
Те читав погоре каде пишуваш за различностите во рецептите. Јас тоа секогаш го наоѓам кај тебе.Оваа торта е како доказ за тоа дека секој твој рецепт си е приказна за себе.Уште еднаш честитки,и се дружиме и понатаму.
тортата интересна и буди мотивација да се проба
секогаш кога некој сака да учи да готви, му ги препорачуваме твоите рецепти. Зошто? Не дека тие се едноставни, а далеку се и од обични... Туку дека начинот на кој ги пренесуваш е толку детален и прецизен, што секој кој малку ќе се потруди, ќе успее да постигне барем приближен резултат. И не само тоа. Во тој процес на подготовка на твоите рецепти воедно ќе научат и некој трик, но и ќе им се разбуди креативноста и желбата за готвење.
Како го знаеме сето ова? Па, и од наше лично искуство! :) Токму како што се спомна погоре во коментарите, ти си овде од самите почетоци, од кога со текот на годините учевме едни од други и ја разменувавме таа љубов кон уметноста во кујната.
И овој твој јубилеен рецепт е уште еден пример за ова што го кажавме. Ти благодариме за твоите 1400 рецепти и ти подаруваме Делимано Апарат за готвење со топол воздух. Честитки!
Се радуваме на она што доаѓа пред нас и се надеваме дека ќе трае уште долго,
тимот на МоиРецепти