Сахер торта (јубилеен 400 рецепт)
Ете го и мојот јубилеен 400 рецепт кој го направив за убав повод. Мислам дека дружбата ќе продолжи и понатаму со нови сили, идеи и предизвици кои го носи тимот на Мои рецепти. Се дружиме и во иднина со нови знаења, нови рецепти и нови пријатели.
Рецептото оди вака:
1. Маргаринот се мати заедно со шеќерот. Потоа се додава стопеното чоколадо, ванилата и се меша со шпатула. Постепено се додаваа брашното и едно по едно 8 жолчки. На крајот се додава снегот од изматени белтоци.
2. Калапот се премачкува со маргарин, се поросува со брашно и се става смесата. Се печи на 150 С-1 час.
3. Кога ќе олади тестото се сечи на половина и се премачкува со мармалад од кајсии. Се поклопува и се премачкува целата торта со мармалад. Најгоре се става глазурата, растопена и соединета на тивок оган.
4. Ако сакате да направите украси од чоколада се топи прво белото чоколадо, па одозгора се става црното се сечи триаголници и се лепат околу тортата.
5. Тортата е едноставна, но превкусна !
Лиценца: Сите права се задржани
Позз
Прекрасни домаќински рецепти си гледам од тебе!
Ти посакувам уште многу јубилеи и се најубаво во иднина!
Тортава доста убава и интересна.
П.С. Деновиве доста јубилеи, секоја чест. Да ги замолам Мои Рецепти да ми кажат до која бројка стасав, оти се подизгубив не знам до кај сум ха, ха...
Ти посакувам уште многу, многу јубилеи и прекрасни рецепти ❤
Секое добро :-)
Ни продолжува убавата дружба :-)
иако си долго време со нас, последнава година воодушеви твојата енергија за готвење. Рецептите ти се навистина домаќински, класични, а и често обемни во количина, па претпоставуваме дека многумина околу тебе се навистина среќни од оваа твоја активност.
И оваа твоја јубилејна торта што ни ја подготви, ги оддава истите класични вредности.
Ти благодариме за твоите 400 рецепти и ти подаруваме Делимано Лонец од леано железо. Честитки!
Во надеж за уште поубави поводи и моменти,
Тимот на МоиРецепти
I jas gi dozivuvam tvoite recepti bas kako sto opisaa deckite od timot na Moi Recepti.
Neka se mnozat uste mnogu.
Тортата е одлична како и останатите твои рецепти.
Се дружиме понатаму.