Ете го и мојот јубилеен 400 рецепт кој го направив за убав повод. Мислам дека дружбата ќе продолжи и понатаму со нови сили, идеи и предизвици кои го носи тимот на Мои рецепти. Се дружиме и во иднина со нови знаења, нови рецепти и нови пријатели.
Рецептото оди вака:
1. Маргаринот се мати заедно со шеќерот. Потоа се додава стопеното чоколадо, ванилата и се меша со шпатула. Постепено се додаваа брашното и едно по едно 8 жолчки. На крајот се додава снегот од изматени белтоци.
2. Калапот се премачкува со маргарин, се поросува со брашно и се става смесата. Се печи на 150 С-1 час.
3. Кога ќе олади тестото се сечи на половина и се премачкува со мармалад од кајсии. Се поклопува и се премачкува целата торта со мармалад. Најгоре се става глазурата, растопена и соединета на тивок оган.
4. Ако сакате да направите украси од чоколада се топи прво белото чоколадо, па одозгора се става црното се сечи триаголници и се лепат околу тортата.
5. Тортата е едноставна, но превкусна !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани