Производите од делот за декорирање се од голема помош на професионалците, но и на сите оние на кои слаткарството им е пасија или пак сакаат да се испробаат во тоа. Семејството на производи за декорирање е составено од фондан во три бои (сина, бела и розева), какао капки, шеќерни трошки за декорација и лушпи за декорација.

  • Фондан бел за декорација
  • Фондан нежно син за декорација на торта
  • Фондан розев за декорација на торта
  • Какао капки
  • Лушпи за декорација
  • Шарени трошки за декорација

Fantasia е најновиот бренд на македонската кондиторска компанија Макпрогрес. Fantasia е линија на полуготови производи, кои овозможуваат брза и лесна подготовка на колачи, палачинки, тортици, мафини и крекери, но и широка палета на додатоци за декорирање на слатки, како и додатоци за печење. Оваа палета е уникатна по многу нешта. Првпат македонска компанија воведува производство на ваков тип производи, а солената линија се смета за уникатна и иновативна и на поширокиот пазар. Палетата на Fantasia нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужина. Портфолиото на производи е изработено според потребите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат да се хранат квалитетно. Брендот Fantasia, во кујната главно е насочен кон млади зафатени жени кои немаат многу време на располагање, но сакаат на своите најмили да им покажат колку многу им значат и да им подготват нешто вкусно и домашно. Производите од палетата на Fantasia може да се најдат во сите добро снабдени маркети. Fantasia in cucina – Фантазија во кујната!