
Велигденски декорации
Велигден и рано но и не толку рано, јас веке полека почнав да ѕирнувам во креативната работилница која си ја нареков НАПРАВИ САМ- еве што направив, не е довршено, само така провизорно ставив од украсите. Целта ми е да ве поттикнам да се малку одморите работејки нешто со кое ќе ги изненадите малите.. Минатата година добивме подарок една ваква корпа која беше преубаво наполнете и исполнета.. радоста на Никола немаше крај, а за тоа велиме благодариме на тета Вања. Оваа година и јас сакам некој да израдувам и се фатив за работа... повелете и вие....
 Значи јас почнав од оваа корпа направена од шпатулите, а постапката ја видов кај пријателката Анријана...
 Постапка
 1. Од шпатулите направете оградички - нормално четири.
 2. Спојте ги со кошовите огрдичките
 3. Залепете и рачка - на средината од внатрешната страна залепете по една шпатула - нека се добро залепи и хоризонтално повторно залепете одозгора една шпатула.
 4. Исечете картон и поставете на дното од кошничката кој се потпира на ивиците од водорамно залепените шпатули.
 5. Замислете си ја корпата како ке ја укрсите и завршена е.
 Тоа е тоа - сосема лесна играрија.
 Совет
 -Јас прво ги оформив кошовите, ги направив оградичките и потоа многу лесно се склопува лепејки ги.
 -Користев ОХО лепило, а може и дрвофикс
 - Едни корпички ги направив лепејки за долгата страна 5 шпатули, а за кратката страна 4 шпатули, едни беа со 4 х 4 - вие сами си одберете колкава ке биде корпата.
Лиценца: Сите права се задржани






















Интересно, убаво, шаренолико.... браво :)