ЗА КОРА
Ги матиме жолчките и го додаваме пола од шеќерот. Исто ги матиме и белките со останатиот шеќер, потоа ги мешаме заедно изматените белки со изматените жолчки, се додава ванилиниот шеќер, брашното, прашокот за пециво и 4 -5 лаж.нутела крем.
Сите состојки убаво се мешаат да се соединат и кората се пече во округлов калап за печење 20 мин.на 180 С.

ЗА ФИЛОТ
Ја матиме слатката павлака до цврст шлаг и ја делиме на два дела.
Во едниот дел го додаваме нутела кремот, а другиот дел останува бел.

ФИЛУВАЊЕ
Испеченото тесто го вадиме од калапот и го сечеме на три дела.
Сите кори ги премачкуваме една врз друга со филот од слатка павлака и нутела, а целата торта ја премазуваме со останатиот дел на изматената слатка павлака
На крај тортатата ја преливаме со чоколада за готвење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови